Големиот финал

Концертот „Награда за млади автори на рок и поп музика Rock’n Pop the Borders” започнува на 9 август 2014 (сабота) во паркот „Рила” во Дупница со почеток од 17.30 ч.  На концертот ќе учествуваат следните групи:

Enkhaosment, Бугарија.

TV Rage, Македонија.

Chainsaw babies, Бугарија.

Bunch of Assholes, Бугарија.

Problem Solved, Македонија.

As Orchids Wither, Бугарија.

Feast of Insanity, Бугарија.

After Midnight, Бугарија.

Revenge, Македонија.

Paranormal, Бугарија.

Влезот е слободен.  Концертот е организиран од здруженијата „Партнери – Дупница” од Дупница  и „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово во рамки на истоимениот проект, финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Редоследот на преставување на песните ќе биде одреден на техничка конференција, која ќе се одржи истиот ден пред настанот. Освен авторската песна, со која се натпреварува, секоја од групите учесници ќе може  да претстави уште една – до две свои песни  во рамки од 12 минути. Жирито ќе ги оценува само презентираните авторски песни. Победникот, кој ќе ги освои гласовите на жирито, ќе добие можност да сними видео запис на песната. Второ рангираниот ќе има можност да направи професионален аудио запис на песната, а третиот – ќе добие награда од медијскиот  партнер на иницијативата – Телевизија “Запад”.  Една од  групте – учествувачи  ќе добие Награда од Градоначалникот на Општина Дупница.

Водител на концертот ќе биде пеачката Јоана Драгнева, бугарски финалист на Евровизија 2008.

Додека жирито го подготвува својот ранг, публиката ќе има можност да ги чуе момците од групата Fireball.

На 10 август  (недела) со почеток од 19 ч., повторно на сцената во парк “Рила” и со слободен влез,  ќе биде одржан концерт на Симеон Иванов – Канго, македонски рок музичар и член на жирито и групите од Рок Академија – Дупница: Foretold Dead, Darker than Black, Voltage  и Enkhaosment. Иницијативата за овој настан е на Канго, а момчињата и девојките од Рок Академијата со задоволство ја прифатија можноста да покажат што прават и можат во рок музиката.

 Рок Академија – Дупница е неформална школа за поддршка на млади и талентирани рок музичари од градот и општината, развивана и управувана од здружението “Партнери – Дупница” веќе 8 години. Многу младински групи поминале низ неа, а некои од нив имаат свои авторски дела двата самостојни албума во издадение на Академијата. Токму искуството од оваа школа е причината за развивањето и давањето на иницијативата Rock’n Pop the Borders од здружението “Партнери – Дупница” од Дупница и „Регионалниот центар за одржлив развој“ од Кратово, со поддршка на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.