Започна регистрацијата за учество во Rock’n Pop the Borders онлајн натпревар

Од полноќ на 12 мај (понеделник) младите групи – автори на рок и поп песни од Бугарија и Македонија, може да се регистрираат за учество во онлајн натпреварот  Rock’n Pop the Borders. Тие треба да бидат на возраст од 13 до 25 години и да пополнат  формулар за регистрирање, кој е достапен  на http://www.rocknpop.1oflads.com/registration/. Организаторите ги советуваат сите кандидати пред да започнат со пополнување на формуларот за регистрација, да ги прочитаат внимателно условите за учество на конкурсот, достапни на http://www.rocknpop.1oflads.com/participation-rules/.  Усвојувањето на условите е задолжителен елемент во процесот на аплицирање за  учество во онлајн трката. Рокот за регистрирање на учество во натпреварот е до полноќ на 12 јуни 2014 година. После овој датум организаторите ќе ги прикачат добиените информации во секцијата  http://www.rocknpop.1oflads.com/category/competitors/, за да им овозможат на публиката и жири комисијата да гласаат и избираат од предложените младински рок и поп творби. Конкурсот за авторска поп или рок песна на млада група се реалзира во рамки на проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005, со финансиска подршка на ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија CCI Number 2007CB16IPO007.