Rock'nPop the Borders

Победниците

Песната Slippin’ на бендот Paranormal од Пловдиј ја освои Наградата за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders. Ова беше резултат од гласањето на жирито по финалниот концерт, што се одржа во Дупница на 9 август 2014 година. Како што веќе знаете, наградата за победникот е професионален видео спот. Тимот, кој ќе го реализира видеото, ветува дека истото ќе биде големо изненадување за публиката.

Второто место беше доделено на песната Losing Control на After Midnight. Наградата за нив е професионален аудио запис на песната.. 

Третата награда од  жирито во натпреварот за младинска изворна рок песна на група беше доделена на песната Лоша навика на скопската група Problem Solved. Медиумскиот партнер на Rock’n Pop the Borders – Телевизија “Запад” – обезбеди безжичен микрофон на групата.

Градоначалникот на Општина Дупница ја бендиса Кумановската група TV Rage, и нивната песна  In between the time. Од име на градоначалникот како награда примија комплет држачи за гитари, палки и вокален микрофон.

Love Lies Bleeding (Amaranth) на As Orchids Wither  освои аплауз од Ротари Клуб – Дупница. Организацијата обезбеди 150 лева на фаворитите како награда за нивно претставување и енергија.

Жирито беше во состав – претседател Анелија Дошева (продуцент), Симеон Иванов – Канг (музичар, продуцент), Славчо Николов (гитарист, композитор) и Сашко Костов (композитор, музичар).

Јоана Драгнева беше водител на  шоуто.

Концертот “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” беше Финалната фаза во трката на 25 групи од Бугарија и Македонија, што беше проследена  на страниците на нашиот сајт. Тој е дел од истоимениот проект поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.