Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 беше медиумски промовиран од страна на координативниот тим на прес конференција, што се одржа на 7 мај 2014 година во Кратово, Република Македонија. Борјанчо Мицевски и Јасмина Давитковска, членови на менаџерскиот тим од „Регионалниот центар за одржлив развој“, зборуваа за целите, главните активности и очекувани резултати од иницијативата на проектот на присутните медиуми: ТВ Протел (Пробиштип), ТВ Сител 2 (Кратово), Македонската информационна агенција, весниците “Дневник” и “Аберџија”. Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 се реализира во партнерство на здружениата „Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово и “Партнери – Дупница” со финансиска подршка на Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка на Бугарија и Македонија. Планот за дејствување на менаџерскиот тим на проектот , представен од партнерите, вклучува воведна пресконференција за медиуми од двете страни на границата. Медиумската промоција на проектот во Бугарија се случи на 17 април 2014 година.
Стартувањето на конкурсот за млади автори на рок и поп песни од двете партнерски земји, планиран за 12 мај оваа година, го привлече вниманието на повеќе од 10 специјализирани, локални и национални медиуми во Реублика Македонија. Јасмина Давитковска беше гостинка во утринската програма на македонското национално радио. Раководителот на проектот, Георги Илиев, коментира за rocknpoptheborders.com: „Се надевам дека со оваа медиумска подршка и за која верувам ќе ја имаат и понатаму нашите пријатели, навистина ќе помогне да rock’n pop границите ги открие најталентираните и мотивирани млади групу во двете пријателски земји “. Погледнете ги приложените линкови:
Канал 77
ТВ Протел
ТВ Сител 2 – видео запис
Strumica Online
Бриф