Author Archives: 1oflads 1oflads

Музика без граници

Филмот “Музика без граници” е резиме на најзначајните моменти од првото издание на натпреварот за младинска авторска песна „Rock’nPop the Borders“, организиран и спроведен во рамките на истоимениот проект, поддржан од Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Во фокусот е концертот, на кој беа избрани првите победници на ова издание. Доколку сте заинтересирани за конкурсот „Rock’n Pop the Borders“, можете да се поврзете со организаторите, чии контакти се дадени во соодветната рубрика на сајтот. Филмот може да се дистрибуира бесплатно, под услов, при негово споделување или емитување, да се цитира фактот дека овој филм е реализиран во рамките на проектот „Rock’n Pop the Borders“ од здружението “Партнери – Дупница” со поддршка на Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Уживајте во филмот

Наградите

Соодветно правилата на конкурсот „Rock’n Pop the Borders“, првата награда беше снимање на професионален видео спот. Жирито на концерт “Награда за млади автори на рок и поп музика”, кој се одржа на 9 август 2014 во Дупница и на кој учествуваа 10-те најдобри за проценка на публика и професионалци песни од онлајн трката,  највисоко ја оцени  песната Slippin’ на групата  Paranormal од Пловдив:

Втората награда од првиот финален концерт на конкурсот беше доделена на бендот After Midnight од Пловдив за песната Loosing Control, која доби професионален звук

Македонската група Problem Solved  освои трета награда за песната „Лоша навика“ – безжичен микрофон, осигурен од медиумскиот ни партнер – Телевизија  ”Запад”.

Организаторите успееја да остварат соработка со локалната власт и влијателни невладини организации, кои имаа можност да ги поддржат своите фаворити меѓу натпреварувачите на сцената на „Rock’n Pop the Borders“. На градоначалникот на Општина Дупница му се допадна кумановскиот бенд TV Rage и нивната песна „In between the time“ и во негово име примија награда – комплет држачи за гитари, палки и вокал микрофон.

„Love Lies Bleeding (Amaranth)“ на  групата As Orchids Wither освои аплауз од Ротари Клуб – Дупница. Клубот обезбеди 150 лева на своите  фаворити како награда за нивно претставување и енергија.

Уникална

Авторите од Chainsaw Babies, TV Rage и Визија, кои настапија на сцената на Rock’n Pop the Borders, беа поканети од Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија за учество на концертите “Заедничките граници не прават поблиски” , кои по повод Европскиот ден на прекуграничната соработка се одржаа во Благоевград на 17 септември 2014 и во Штип на 18 септември 2014.

 

Големиот рок спектакл во Куманово – филм

Исклучително важно за организаторите на Rock’n Pop the Borders настан беше големиот промотивен концерт на победници и учесници во првото издание во Куманово, Македонија. Целта на овој настан беше да ја промовира иницијативата во партнерската земја и како што ќе видите – успеа! Во планот за акција, партнерите од „Регионалниот центар за одржлив развој“ – Кратово предвидоа видео документирање на настанот. Задоволни сме да ви ја претставиме комплетниот запис тука: 

Истражување кај посетителите на Концертот во Куманово

Резултати од спроведеното истражување кај посетителите на Концертот на победници на
Rock’n Pop the Borders – Куманово 07.09.2014год. 21.00 часот

1.Пол: 
маж   – 54%
жена  -46%

2
. Наведете ја вашата возраст:    
под 13 години – 2%
13 – 25 години – 44%
25-35 години – 35%   
35 – 45 години – 9%
45 – 55 години – 7%
55 – 65 години – 3%
над 65 години – 0%

3
. Вие сте:  
ученик, студент – 57%
вработен   -  21%
самовработен  -3%
невработен – 19%

4. Имате ли врска со учесниците во настанот:
пријатели – 42%
роднини  -  21%
колеги – 9%          
немаме врска – 28%

5
. Како дознавте за настанот:  
од сајтот на конкурсот – 8%
од пријатели, колеги, познаници  -21%
од интернет (социјални мрежи, информативни и специјализирани сајтови) –18%
од медиуми, радио, телевизија – 23%
весници – 9%
информативни постери за настанот – 21%

6. Од каде доаѓате:   
од Куманово -95%
од соседна општина на Куманово  - 3%
од друга општина во Македонија – 2%
надвор од Република Македонија – 0%

7
. Дали би купиле билет за ваков настан:    
да – 89%    
не – 11%

8. Ако одговорот на претходното прашање е да, каква сума Ви се чини разумна:
до 100 денари  –  23%      
до 200 денари  -  61%
над 300 денари –  3%

 

 

 

Напомена:
Во истражувањето беа опфатени 100 испитаници или околу 10% од присатната публика.
Истражувањето се вршеше по случаен избор на испитаниците.
Истражувањето беше анонимно и ќе се користи само за потребите на проектниот тим како акумулативен податок за одржливоста на проектната идеја во следниот период.
Огромна благодарност до сите оние кои зедоа учество во истото и ни овозможија креирање на вистинска слика за овој и сличните следни настани.
Благодарност до волонтерскиот тим и претставниците на Општина Куманово кои ни помогнаа при спроведувањето на ова истражување.

Концертот во Куманово

На 07 септември 2014 година на Градскиот плоштад Куманово се одржи Голем рок спектакл на победниците на Rock’n Pop the Borders.

На настанот земаа учество бендови од Бугарија и Македонија: Enkhaosment и Chainsaw Babies од Бугарија, TV Rage, Vizija, Polemique и Problem Solved од Македонија. Гости на вечерта беа: Рок Балет Денс студио МАК и ” македонската рок легенда”  - Симеон Иванов Канго. Водител на настанот беше Марко Новески.

Пријатели од телевизија “Златен канал” направија репортажа, на која се гледа атмосферата од настанот. 

Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија. Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија.

Концертот на победници следува по спроведениот натпревар кој започна на  12 мај 2014 година со онлајн натпревар на младите Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра авторска композиција. Подготви се документарен филм, кој ќе биде објавен овде. 

На натпреварот зедоа учество вкупно 25 бенда од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години. 

Публиката на Rock’n Pop the Borders

Проектниот тим на Rock’n Pop the Borders направи анкетно истражување на примерок од  10% од публиката на концертот “Награда за млади автори на музика” Rock’n Pop the Borders “. Беа анкетирани 50 лица од публиката на концертот. Користен е методот на пополнување на анкетен лист со 8 затворени прашањето (со можност на избор од неколку понудени одговори).

Главни резултати од спроведеното истражување се:
1. Жените доминираат во публиката на концертот:

Разпределение на публиката по пол

2. Младите на возраст од 13 до 25 години се најголеми обожаватели на рок, кој беше претставен на концертот:

Ratio by age

3 Воглавно публиката на настани од типот на “Награда за млади автори на музика” Rock’n Pop the Borders ” ја сочинуваат млади луѓе кои студираат и работат:

4. Значителен дел од публиката на настанот  ја сочинуваат пријателите на учесниците. Тоа е објасниво, земајќи ја во предвид возраста на учесниците и форматот во кој се јавуваат. И покрај овој факт, можеме да кажеме дека најголемиот дел на публиката нема никаква лична врска со учесниците во настанот:

Ratio by relation with performers

 5. Интернетот (особено – социјалните мрежи и пријателствата на нив) е каналот од кој публиката најмногу дознала за настанот. Информатичкате сајтови, вклучувајќи го и сајтот на проектот, како и постерите за настанот се другите основни канали за информации, преку кои публиката на “Награда за млади автори на музика” Rock’n Pop the Borders “се информирала:

By source of information

6. Публиката на “Награда за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” е била в голямата си част местна – от Дупница или областта. Гостите от страната и съседна Македония са малцинство. На фона на дяловете по местоживеене, обаче, публиката от България е втората по големина, след местната публика, което показва значителен резерв за бъдеще:

By residence

 

7. Публиката е подготвена да купи билет за настан од овој тип. Само 14% од испитаниците одговориле категорично НЕ  на прашањето “Дали би купиле билет за ваков настан” (прашање бр.7 од анкетниот лист). Најголемиот дел од изјави за подготвеност на купување билет се дека би одвоиле  до 5 лв (во 13% од анкетите е наведена вредност од 3 лв.). Во релативно еднакви удели, останатите одговориле дека преферираат вредноста да биде до 10 лв. или над неа (околу 13% од анкетите е наведена вредноста од 15 лв.). Постои впечаток дека над 90% од пријателите на учесницит, кои беа дојдени на концерот, се подготвени да платат за да ги гледаат и слушаат своите фаворити во конкуренција со други бендови:

By ticket cost

Оваа анкетна студија е спроведена со помош на Елисавета Зарев, член на младинскиот тим на здружението “Партнери – Дупница”. Целта на истражувањето  е да се визуелизира профилот на публиката на настанот во насока на истражување можности за продолжување на оваа иницијатива. Организаторите на проектот – здружение “Партнери – Дупница” и „Регионалниот центар за одржлив развој“ – Кратово, упатуваат молба за фидбек на наведените во контактната информации на сајтот мејл адреси до секој кој ги користи и цитира податоците од анктетата.


Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 е кофинансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. 

 

 

 

Пријателски концерт во рамките на настапите од Rock’n Pop the Borders

“Неверојатнa, незаборавнa забава”. Ова го вели публиката. Така мислат и познавачите на рок музиката. Ова е и мислењето на македонските членови на жирито – Канго и Сашко Костов за пријателскиот концерт одржан на 10 август 2014 година на сцената на парк “Рила”.

 

Идејата за овој концерт  настана уште во април 2014 година од страна на Симеон Иванов – Канго. Организаторите од здружението “Партнери – Дупница” видоа можност не само за уште еден  заеднички  културен настан во рамките на проектот, но и за вистинска комуникација меѓу младите музичари од Бугарија и Македонија, во непосреден контакт со основани музички имиња како што е генераторот на идејата – Канго.

 

На концертот учествуваа групите на Рок Академија – Дупница – формат создаден уште во 2006 година од страна на здружението “Партнери – Дупница” за поддршка на талентирани млади со интерес за  музиката. Повеќе за иницијативата можете да видите тука.

 

Се создаде еден неверојатен бенд со вокал и гитара – Канго, тапанар – Сашко Костов и членови од македонските финалисти на концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” – TV Rage и Problem Solved.

 

Први на сцената излегоа Enkhaosment ,  група која беше прва на ранг листата според гласовите  на публиката за финалниот награден концерт во Дупница од спроведениот онлајн натпревар за млади групи – автори на рок и поп музика во рамките на проектот. Enkhaosment е група на Рок Академија – Дупница. Тие не победија на концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders”, но тоа,  пак,  како да им даде посебна енергија за настап на пријателскиот концерт:

 

Foretold Dead е група на Рок Академија – Дупница, која исто така учествуваше на натпреварот во рамки на проектот, но без успех. Мислењето на македонските членови на жирито, кои учествуваа како изведувачи во пријателски концерт на 10 август, беше дека квалитетот на нвивниот аудио запис значително влијаел на оценката, како на жирито, така и на публиката, така да нивните вистински квалитети беа откриени за време на настанот :

 

Voltage е групата со најголемо концертно искуство од сите групи во Рок Академија – Дупница. Тие немаа успех на натпреварот на Rock’n Pop the Borders, но ја раздвижи публиката на нивниот последен настап  за “неодредено” време:

 

Невозможно е да се претстави  Канго, кој е толку “цветен“, што неговото претставување треба да му се препушти само нему. “Нема граници, штом има музика” – рече тој и истото го докажа заедно со Сашко Костов и момците од Problem Solved и TV Rage:

 

Darker than Black се најмалите музичари од Рок Академијата. Нивната појава на сцената на пријателскиот концерт во рамките на настаните за проектот Rock’n Pop the Borders беше голем предизвик за нив, кој  успешно го надминаа:

 

 

 

Пријателскиот концерт на групите од Рок Академија – Дупница заедно со Канго, Сашко Костов и пријателите од македонските групи -финалисти во концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” e уште еден придонес кон заедничките културни настани, реализирани во рамките на истоимениот проект. Тој се финансира од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Rock’n Pop the Borders има иднина на меѓународен натпревар за младинска изворна рок песна

Rock’n Pop the Borders има иднина како меѓународен фестивал на младинска авторска рок песна на Балканот. Ова е мислењето на сите учесници на Работилницата за создавање на Рамка за одржливо управување на форматот,  што се одржа на 10 август 2014 година во Дупница и на истата учествуваа повеќе од 30 луѓе. Во Работилницата се вклучија музички продуценти, фестивалските селектори и организатори, претставници на невладиниот сектор и локалните власти во општините Дупница, Куманово и Кратово, бизнис организации, учесници на концертот “Награда за автори на младинска рок и поп музика Rock’n Pop the Borders” од Бугарија и Македонија. Според нив, во иднина Rock’n Pop the Borders  треба да се реализира преку активно вклучување на локалните власти и бизнис сектор, особено  туристички, во партнерство со општините на здруженијата – организатори.  Учесниците сметаат дека создадениот формат треба да се фокусира на младинската авторска рок музика, во насока на барање  максимално стилска разновидност, развој на натпреварувачката програма во тек од неколку дена и поактивен контакт меѓу младите автори и професионалците вклучени во оценување на делата. Сите идеи, кои беа разменети од  учесниците на работилницата, се утврдени во Рамка за одржливо управување и одржување на форматот  ”Награда за млади автори на младинска музика Rock’n Pop the Borders”.

 

Работилницата беше проследена со средба на младите музичари од Рок Академија – Дупница (групите Enkhaosment, Voltage, Foretold Dead и Darker than Black) и македонските членови на жирито на формата – Канг и Сашко Костов. На средбата се вклучија и членовите на македонските финалисти на конкурсот – Problem Solved и TV Rage.

 

Сите заедно остварија незаборавен тричасовен концерт за дупнишката публика, кој се одржа на големата сцена на парк “Рила”.

Rock'nPop the Borders

Победниците

Песната Slippin’ на бендот Paranormal од Пловдиј ја освои Наградата за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders. Ова беше резултат од гласањето на жирито по финалниот концерт, што се одржа во Дупница на 9 август 2014 година. Како што веќе знаете, наградата за победникот е професионален видео спот. Тимот, кој ќе го реализира видеото, ветува дека истото ќе биде големо изненадување за публиката.

Второто место беше доделено на песната Losing Control на After Midnight. Наградата за нив е професионален аудио запис на песната.. 

Третата награда од  жирито во натпреварот за младинска изворна рок песна на група беше доделена на песната Лоша навика на скопската група Problem Solved. Медиумскиот партнер на Rock’n Pop the Borders – Телевизија “Запад” – обезбеди безжичен микрофон на групата.

Градоначалникот на Општина Дупница ја бендиса Кумановската група TV Rage, и нивната песна  In between the time. Од име на градоначалникот како награда примија комплет држачи за гитари, палки и вокален микрофон.

Love Lies Bleeding (Amaranth) на As Orchids Wither  освои аплауз од Ротари Клуб – Дупница. Организацијата обезбеди 150 лева на фаворитите како награда за нивно претставување и енергија.

Жирито беше во состав – претседател Анелија Дошева (продуцент), Симеон Иванов – Канг (музичар, продуцент), Славчо Николов (гитарист, композитор) и Сашко Костов (композитор, музичар).

Јоана Драгнева беше водител на  шоуто.

Концертот “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” беше Финалната фаза во трката на 25 групи од Бугарија и Македонија, што беше проследена  на страниците на нашиот сајт. Тој е дел од истоимениот проект поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Ротарианска награда за млади автори на рок музика од Бугарија и Македонија.

Клубот Ротари Клуб – Дупница ќе додели награда на еден од финалистите на концертот  за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders”. Импресионирани од талентот и енергијата на учесниците во натпреварот, пријателите од овој клуб одлучија да ги подржат и охрабрат учесниците со награда од нивно име. Ротари е организација на бизнисмени и професионалци, обединети во целиот свет, кои служат во хуманитарната сфера, поттикнуваат високи етички норми во сите професии и помагаат во градење на добрата волја и мирот во светот.

Наградата ќе биде доделена од претседателот на Ротари клуб – Дупница, г-дин Кољо Илиев, заедно со грамота на организацијата. Каква ќе биде таа, финалистите и гостите на концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” ќе дознаат вечерта на 9-ти август.

Концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” е финална фаза од натпреварот на млади автори на рок музика од Бугарија и Македонија. Тој се спроведува во рамките на истоимениот проект, реализиран од здруженијата “Партнери – Дупница” и „Регионален  центар за одржлив развој“ – Кратово, со поддршка на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Големиот финал

Концертот „Награда за млади автори на рок и поп музика Rock’n Pop the Borders” започнува на 9 август 2014 (сабота) во паркот „Рила” во Дупница со почеток од 17.30 ч.  На концертот ќе учествуваат следните групи:

Enkhaosment, Бугарија.

TV Rage, Македонија.

Chainsaw babies, Бугарија.

Bunch of Assholes, Бугарија.

Problem Solved, Македонија.

As Orchids Wither, Бугарија.

Feast of Insanity, Бугарија.

After Midnight, Бугарија.

Revenge, Македонија.

Paranormal, Бугарија.

Влезот е слободен.  Концертот е организиран од здруженијата „Партнери – Дупница” од Дупница  и „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово во рамки на истоимениот проект, финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Редоследот на преставување на песните ќе биде одреден на техничка конференција, која ќе се одржи истиот ден пред настанот. Освен авторската песна, со која се натпреварува, секоја од групите учесници ќе може  да претстави уште една – до две свои песни  во рамки од 12 минути. Жирито ќе ги оценува само презентираните авторски песни. Победникот, кој ќе ги освои гласовите на жирито, ќе добие можност да сними видео запис на песната. Второ рангираниот ќе има можност да направи професионален аудио запис на песната, а третиот – ќе добие награда од медијскиот  партнер на иницијативата – Телевизија “Запад”.  Една од  групте – учествувачи  ќе добие Награда од Градоначалникот на Општина Дупница.

Водител на концертот ќе биде пеачката Јоана Драгнева, бугарски финалист на Евровизија 2008.

Додека жирито го подготвува својот ранг, публиката ќе има можност да ги чуе момците од групата Fireball.

На 10 август  (недела) со почеток од 19 ч., повторно на сцената во парк “Рила” и со слободен влез,  ќе биде одржан концерт на Симеон Иванов – Канго, македонски рок музичар и член на жирито и групите од Рок Академија – Дупница: Foretold Dead, Darker than Black, Voltage  и Enkhaosment. Иницијативата за овој настан е на Канго, а момчињата и девојките од Рок Академијата со задоволство ја прифатија можноста да покажат што прават и можат во рок музиката.

 Рок Академија – Дупница е неформална школа за поддршка на млади и талентирани рок музичари од градот и општината, развивана и управувана од здружението “Партнери – Дупница” веќе 8 години. Многу младински групи поминале низ неа, а некои од нив имаат свои авторски дела двата самостојни албума во издадение на Академијата. Токму искуството од оваа школа е причината за развивањето и давањето на иницијативата Rock’n Pop the Borders од здружението “Партнери – Дупница” од Дупница и „Регионалниот центар за одржлив развој“ од Кратово, со поддршка на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Финалистите во онлајн трката Rock’n Pop the Borders

Во 24.00 часот на 16 јули 2014 година заврши онлајн гласањето за избор на авторска песна на младинските групи од 13 до 25 години Rock’n Pop the Borders. Публиката и жирито ги определија своите фаворити во предвидените рокови, така што организаторите го подготвија конечното рангиране во текот на денешниот ден.

Според правилата на конкурсот, 10-те песни, кои имаат добиено највисока средна оценка од бројот на гласовите на публиката и оценката на жирито ќе се учествуваат на конечниот концерт во живо на 9 август 2014 година во паркот “Рила” во Дупница, Бугарија.

Конечното рангирање на участниците во on-line натпреварувањето Rock’n Pop the Borders ги даде следните 10 финалисти (песна, група, среден број на поени од оценките на публиката и од оценките на жирито, држава на потекло) :

1. “For The Win”, Enkhaosment, 8.65, Бугарија.

2. “In between the time”, TV Rage, 8.22, Македонија.

3. “Filthy Rock’n'Roll”, Chainsaw babies, 7.12, Бугарија.

4. “Airstrike”, Bunch of Assholes, 7,00, Бугарија.

5. “Лоша навика”, Problem Solved, 6.93, Македонија.

6. “Love lies bleeding (Amaranth), As Orhids Wither, 6.64, Бугарија.

7. “The Unsung”, Feast of Insanity, 6,31, Бугарија.

8. “Losing control”, After Midnight, 5.93, Бугарија.

9. “Не вели ми здраво”, Revenge, 5.68, Македонија.

10. “Slippin’”, Paranormal, 5.60, Бугарија.

Во случај, доколку некоја од 10-те најдобро рангирани групи го откаже учеството, организаторите ќе упатат покана за учество кон следната по ред група на ранг листата одејќи надолу:

11. “Bury Me”, Sunday, 5.53, Бугарија.

12. “Гласот на моята душа”, Визия, 5,28, Македонија.

13. “Път към върха”, Rebels,5,09, Бугарија.

14. “Revelation”, Panic Station, 5.08, Бугарија.

15. “The Power of Love”, Marmalad Banda, 4.96, Македонија.

16. “Ride”, Plug In, 4.95, Македонија.

17. “Първата”, Лопатарка, 4,56, Бугарија.

18. “Cannot Heal”, Power Enslave, 4.46,Бугарија.

19. “Трошка Љубов”, Polemique, 4.18, Македонија.

20. “In Cold and Dark Days”, Foretold Dead, 4.06,Бугарија.

21. “Electrify”, Simai, 3.82, Бугарија.

22. “Blade of Greed”, SLIX, 3.63, Бугарија.

23. “We are coming”, Voltage, 3.36, Бугарија.

24. “Изгубен”, Angus&Kevin, 3.20, Бугарија.

25. “Appetence for Life”, Mneme, 3.11, Бугарија.

Поени на групите според бројот на гласови, добиени од публиката:

1.”For The Win”, Enkhaosment, 10, Бугарија.

2.”In between the time”, TV Rage, 8.64, Македонија.

3.”Airstrike”, Bunch of Assholes, 8.12,Бугарија.

4.”Love lies bleeding (Amaranth), As Orhids Wither, 6.67,Бугарија.

5.”Лоша навика”, Problem Solved, 6.55, Македонија.

6.”Filthy Rock’n'Roll”, Chainsaw babies, 6.04, Бугарија.

7.”Не вели ми здраво”, Revenge, 5.74, Македонија.

8.”Път към върха”, Rebels, 5.29, Бугарија.

9.”Revelation”, Panic Station, 5.13, Бугарија.

10.”The Power of Love”, Marmalad Banda, 5.09, Македонија.

11.”The Unsung”, Feast of Insanity,  4.91, Бугарија.

12.”In Cold and Dark Days”, Foretold Dead, 4.24,Бугарија.

13.”Ride”, Plug In, 3.92, Македонија.

14.”Трошка Љубов”, Polemique, 3.87, Македонија.

15.”Losing control”, After Midnight, 3.66, Бугарија.

16.”Гласот на моята душа”, Визия, 3.35, Македонија.

17.”Cannot Heal”, Power Enslave, 3.19, Бугарија.

18.”Изгубен”, Angus&Kevin, 3.08, Бугарија.

19.”Electrify”, Simai, 3.01, Бугарија.

20.”Blade of Greed”, SLIX, 2.80, Бугарија.

21.”Първата”, Лопатарка, 2.61, Бугарија.

22.”Slippin’”, Paranormal, 2.51, Бугарија.

23.”We are coming”, Voltage, 2.45, Бугарија.

24.”Appetence for Life”, Mneme, 2.28, Бугарија.

25.”Bury Me”, Sunday,  2.05, Бугарија.

Поени на групите според бројот на гласови, добиени од жирито:

1.”Bury Me”, Sunday, 9.00, Бугарија.

2.”Slippin’”, Paranormal, 8.68, Бугарија.

3.”Losing control”, After Midnight, 8.20, Бугарија.

4.”Filthy Rock’n'Roll”, Chainsaw babies, 8.20, Бугарија.

5.”In between the time”, TV Rage, 7.80, Македонија.

6.”The Unsung”, Feast of Insanity, 7.70, Бугарија.

7.”For The Win”, Enkhaosment, 7.30, Бугарија.

8.”Лоша навика”, Problem Solved,7.30, Македонија.

9.”Гласот на моята душа”, Визия, 7.20, Македонија.

10.”Love lies bleeding (Amaranth), As Orhids Wither, 6.60, Бугарија.

11.”Първата”, Лопатарка, 6.50, Бугарија.

12.”Ride”, Plug In, 5.98, Македонија.

13.”Airstrike”, Bunch of Assholes, 5.88,Бугарија.

14.”Cannot Heal”, Power Enslave, 5.72,Бугарија.

15.”Не вели ми здраво”, Revenge, 5.62, Македонија.

16.”Revelation”, Panic Station, 5.02, Бугарија.

17.”Път към върха”, Rebels,4.88, Бугарија.

18. “The Power of Love”, Marmalad Banda, 4.82, Македонија.

19.”Трошка Љубов”, Polemique, 4.48, Македонија.

20.”Electrify”, Simai, 4.62, Бугарија.

21.”Blade of Greed”, SLIX,  4.46, Бугарија.

22.”We are coming”, Voltage, 4,26, Бугарија.

23.”Appetence for Life”, Mneme,  3.94, Бугарија.

24.”In Cold and Dark Days”, Foretold Dead, 3.88,Бугарија.

25.”Изгубен”, Angus&Kevin, 3.32, Бугарија.

Организаторите и жирито се заблагодаруваат на натпреварувачкиот дух на учесниците, добриот тон кој што го запазија едни кон други и квалитетот на сите представени песни (факт е дека жирито не е дало општа оценка под 3 на представените песни. Ако судиме од бројот на гласачите во процесот на наптревараување, авторските песни на учесниците биле претставени пред на еден вид он лајн концерт пред повеќе од 10 000–на публика.

Проектот Rock’n Pop the Borders е партнерска иницијатива на Здружение “Партнери – Дупница” и Регионален центар за одржлив развој – Кратово.

Истиот е финансиран од Европска Унија преку Програмата за меѓугранична соработка Бугарија-Македонија CCI Number 2007CB16IPO007

We are coming! бенд “Voltage”, Дупница, Бугарија

VOLTAGEГрупа Voltage е млада треш метал банда, формирана на 28 февруари 2011г. во град Дупница. Групата има 16 авторски нумери, но исто така прави и кавери на познати групи като Metallica, Megadeth, Slayer, Pantera и др. Групата има остварено многу настапи. Имаме учествувано на „Поп-рок фест“ – Несебар, “S’cool rock fest” – Пловдив, “Rock It Marathon”, “Let’s rock it” во Добрич, „Коко рок фест” во град Крџали, на кој освоивме 2-ро место, и ” Голямото междучасие 4″ – со специјалната награда: продуцирање и запис на песна и клип. Во текот на декември 2013г. е потпишан договор со Dark Arts LTD за песна на диск, приложен на декемвриското издание на списанието “Terrorizer”.
Групата е составена од:
• Борислав Захариев – гитара/вокал; 19г.
• Мирослав Захариев – тапани; 17г.
• Кирил Петров – бас/вокал; 17г.
• Георги Алексов – гитара; 17г.
Се што работиме, можете да слушнете и видете на: http://voltageband.esy.es/. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме апсолутно новата песна We are coming! – музика, текст и аранжман – Voltage.

Вкупно добиени гласови: 208

Appetence for Life, бенд “Mneme“, Софија, Бугарија

 

MNEMEMneme е Death / Thrash / Progressive Metal бенд од Софија, формиран во текот на 2011 г., кој што од тогаш нема губено време, како во усовршување на инструменталните вештини, така и во компонирање на авторска музика, така што во моментот можеме да се пфалиме со цели 9 нумери, од кои 7 се снимени, меѓу кои: God Can’t Save You, Потъвам в мрак, Sky Is Gray, Closure Of The Gates Of Hell.
Во однос на концертите, групата е исто така многу активна и зад себе има мнозина настапи на конкурси, концерти, фестивали, меѓу кои: “Голямо междучасие 4″, “Силата на Рока 3″, Коко Рок Фест Крџали, ON!Fest…

Можете да не видете и слушнете на: https://www.facebook.com/MnemeBand. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

Ислкучиво симпатична и истоврмено тешка и музикална група во состав:
• Христо Бојаџиев (16 г.) Вокали/Гитара
• Божко Божков (18 г.) Гитара/Вокали
• Јавор Семков (16 г.) Бас/Вокали
• Јоан Николов (16 г. ) Тапани
Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме новата нумера Appetence for Life.
Музиката е на Божко Божков, текстот – на Јавор Семков и Христо Бојаџиев, а аранжиманот на Божко Божков, Христо Бояджиев и Јоан Николов.

Вкупно добиени гласови: 194

Првата, бенд “Лопатарка”, Монтана, Бугарија

LOPATARKAНие сме група “Лопатарка” от Монтана. Заедно сме скоро 5 години и свириме целсоно авторски и на бугарски јазик испеана музика, со исклучок на 2-те cover песни „Убава си, моја Горо“ и „Кавал свири“. Стилот ни е интересен рок пакет во кој може да се примети големо влијание од народната музика. Во 2013 година освоивме награда за најдобра авторска песна на меѓународниот конкурс „Let’s rock it“ во Добрич со песната „Тој ја сака, таа не го сака“. 

Во „Лопатарка” сме:

• Роберта-Димана Алева, 21г .- вокал, клавир
• Георги Димитров, 21г. – гитара
• Росен Петров, 21г. – бас гитара
• Мартин Средков, 23г. – тапани

Се што работиме, можете да слушнете и видите на https://www.facebook.com/Lopatarka?ref=br_tf. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

В Rock’n Pop the Borders учествувавме со новата авторска песна „Првата”. Текстот на песната е напишан од Роберта-Димана Алева, а музиката и аранжманот e дело на Роберта-Димана Алева, Росен Петров, Георги Димитров, Мартин Средков.

 

Вкупно добиени гласови: 222

Electrify, бенд “Simai”, Софија, Бугарија

SIMAISimai е формирана на 12 февруари 2013г. Се определуваме како Rapcore/Nu-metal бенд. Активно свириме во Софија и Пловдив. Тежнееме на компонирање авторска музика. На концертите свириме и кавери на Limp Bizkit, Soulfly, Korn, P.O.D., Hed PE. На конкурсот “Голямо Mеждучасие 5″ го освоивме 2-то место со песната „Crhyme“. Подготвуваме LP со идеја да содржи 11 авторски нумери. Може да слушнете аудио записи во живо изведени на нашиот Soundcloud профил – https://soundcloud.com/simai-band и на Youtube – https://www.youtube.com/channel/UCXkS2bAnVMTHR1AjxwbKElw

Групата е составена од:
• Андреј Андров 18г – Бас
• Александар Миладинов 18г – Гитара
• Георги Чунчуков 16г – Тапани
• Калофер Михов 18г – Вокал
• Генади Михов 19г – Гитара/ Вокал

Се што работиме, можете да слушнете и видите на: https://www.facebook.com/simaiband. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме Electrify – музика, текст и аранжман на Simai.

 

Вкупно добиени гласови: 256

Гласот на мојата душа, бенд “Визија”, Скопје, Македонија

Vizija-BandВизија е македонска рок група оформена во ноември 2011 година во Скопје. Музиката која овој бенд ја изведува се заснова на рок жанрот, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Еден од првите настапи на Визија беше на „Т’к – так фест 2012“ во Кавадарци, фестивал посветен на прерано починатата рок легенда Трајко Каров, каде што бендот успеа да биде награден, а веднаш потоа следува настап на престижниот „Таксират“ – Скопје. Првиот настап на бендот надвор од територијата на Македонија бил на „Складиште фест“, во Крушчиќ, Србија на 1 јуни 2013 година, а неколку дена подоцна Визија настапи во ревијалниот дел на „Т’к – Так Фест“ во Кавадарци. Еден од најголемите успеси на бендот е настапот на „Заечарска гитаријада“ во август 2013, откако беше единствениот македонски бенд кој се најде во најдобрите 12 балкански рок групи кои настапиле пред 30.000 публика.Меѓу останатите настапи може да се споменат и настапот во Кочани во мај 2013; МКЦ: “50 години рок ен рол во Македонија“; „Пиволенд 2013“; „Културно Лето Карпош 2013“…Бендот беше избран за еден од најдобрите бендови на Балканот за 2013 година според американското радио WMBR, а исто така за Визија пишуваше и британскиот музички портал www.emergingindiebands.com кој ја прогласи групата за најдобра во месец февруари.

Се што работиме, можете да слушнете и видите на http://www.facebook.com/VizijaMK. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

Групата е в състав:
• Марко Џамбазоски, 21 година, соло гитара и придружни вокали
• Марко Гапо, 21 година, водечки вокал и ритам гитара
• Лилјана Јанкова, 20 години, бас гитара и придружни вокали
• Синиша Ѓорѓевиќ, 20 години, тапани

Во Rock’n Pop the Borders  ја претставивме: Гласот на мојата душа
Музика: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ ,
Текстот на песната е напишан од: Марко Џамбазоски
Аранжманот e дело на: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ

Вкупно добиени гласови: 285

 

Изгубен, бенд “Angus & Kevin”, Софиja, Бугарија

ANGUS_KEVINНа почетокот Angus&Kevin е основан како дует составен од Стојан (Angus) Пејков и Кевин Драмалиев. По некое време дуетот нема можности да изведува концертни настапи и затоа Angus&Kevin постанува група со уште 2 нови дополнувања: Димитар Командарев – бас гитара и Атанас Георгиев – тапани. Стилот на музиката е склон кон Хеви Метал/Хард Рок.

 

Групата е составена од:
Стојан Пејков – Китара, Вокал; 15 години
Кевин Драмалиев – Гитара; 14 години
Димитар Командарев – Бас Гитара; 15 години
Атанас Георгиев – Ударни инструменти; 15 години

Се што работиме, можете да слушнете и видите на: https://www.facebook.com/pages/AngusKevin/499769233435830. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

Во Rock’n pop the Borders ја претставивме нашата песна „Изгубен”
Музика, текст и аранжман: Angus&Kevin

 

Вкупно добиени гласови: 262

For The Win, бенд „ENKHAOSMENT”, Дупница, Бугарија

ENKHAOSMENTГрупата е формирана во февруари 2013 година. Своите настапи ги започнува со кавери, но за бргу време се фокусира на создавање на авторски нумери. Вака проектот Enkhaosment започнува  да се развива и успешно да оди напред.

Ја определуваат својата музика како мешавина на различни стилови метал – треш, дет, грув и хеви. Групата е инспирирана од големите имиња на светската сцена како што се: Kreator, Pantera, Sodom, Slayer, Machine Head.

Основната цел на младиот бенд е да им покаже на своите сонародници дека во Бугарија сеуште може да се создава квалитетна музика. За една година, колку што постои групата, успеа да оствари голем број на концерти во земјата, како и да учествува на фестивали и конкурски како: „Дай Рок!”, „Китариада”, „Голямото междучасие 5”.

Групата е составена од:

  • Калин Смолички, 19 – бас гитара и вокали
  • Васко Пејанин, 19 – ритам гитара
  • Теодор Василев, 17 – соло гитара
  • Алекс Андонов, 17  - тапани

 Песните, со които се гордееме можете да ги слушнете тука.

Во Rock’n pop the Borders ја претставивме нашата песна  „For The Win”

Музика и текст: Калин Смолички

Аранжман: „ENKHAOSMENT”

Вкупно добиени гласови: 850

 

Airstrike, бенд „Bunch Of Assholes”, Пловдив, Бугарија

BOAГрупата е формирана во април 2013 г. во Пловдив. Свират alternative/punk rock. Овие нивни песни треба да ги слушнете!

Можете да ги најдете на Facebook на https://www.facebook.com/BunchOfAssholesBand

 

Во Bunch Of Assholes се: 

* Даниел Варадинов – прва гитара (18 г.)
* Никола Старшанов – бас гитара (17 г.)
* Момчил Калчев – вокали и втора гитара (17 г.)
* Едиз Реџепов – тапани (18 г.)

Во Rock’n Pop the Borders ја претсавивме песната си „Airstrike“

Музика и текст: Даниел Варадинов
Аранжман: Bunch Of Assholes

Вкупно добиени гласови: 690

 

Ride, група „Plug In”, Скопје/Битола, Македонија

dsidaГрупата “Plug In” е рок група, формирана во ноември минатата година и во овие 6 месеци имаат настапувано на повеќе места низ Скопје. Составена е од пет членови: Константина Богоевска – вокал (20 г., Битола), Горан Петровски – виолина и пратечки вокал (20 г., Битола), Милош Поповски – гитара (21, Скопје), Христијан Рајковски – бас гитара (19 г., Скопје) и Синиша Ѓорѓевиќ – тапани (20г., Скопје). Карактеристични за овој бенд, се звуците на виолината, кои се реткост во рок бендовите. Инаку, сите членови се студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, од каде и почнува нивната приказна.

Можете да ни найдете на: https://www.facebook.com/pages/Plug-In/1442425276002167

Ride  е нашата прва авторска песна.

Музика: Милош Поповски

Текст: Константина Богоевска

Аранжман: Горан Петровски

Вкупно добиени гласови: 333

Cannot Heal, група “Power Enslave”, Русе, Бугарија

PE_fonГрупата е формирана во зимата 2012 година од Калојан (16г. вокали, гитара) и Момчил (15г.ударни) Итови + Румен (15г.бас гитара, вокали) и Даниел (16г. гитара) Нејкови. Сецифичнота за нас е дека сме 2 пара браќа и се познаваме од мали, а тоа уште послино не поврзува како музичари.  Составот се нема променувано. До сега групата има 5 авторски нумери. Имаме свирено на  два фестивала во Русе. Имаме поминато низ сите русенски клубови и со нетрпение чекаме да се појавиме и во друг град! Нашите авторски нумери можете да ги слушнете на: https://soundcloud.com/kaloyan-itov/enslaved/s-uZjm6

Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме својата нова песна ”Cannot Heal”.

Музиката, текстот и аранжманот са на целата група -  „Power Enslave”

Вкупно добиени гласови: 271

Bury me, група “Sunday”, Софија, Бугарија

SUNDAY

Група Sunday е формирана во почетокот на март месец 2012 година. Групата регистрира учество во натпреварот Rock’n Pop the Borders на 4 јуни 2014 во состав: Ајсел Карадайъ, 18г. – вокал; Здравко Крстев 18г. – гитари; Христо Кенаров 19г. – тапани и Васил Андреев 17г. – бас.

Во натпреварот  ја  претставија песната “Bury me”, по музика и текст на Ајсел Карадайъ и аранжман на групата. Песната доби вкупно 174 гласа во онлајн гласанјето на публиката меѓу 16 јуни и 16 јули 2014 година.

Во моментов немате пристап до песната Bury me на групата  ”Sunday”.  Истата  беше симната од платформата на Натпреварот на ден  30.07.2014 година по  инсистирање на Ајсел Карадај, автор на музиката и текстот.
Водени од желбата оваа платформа да биде сцена наменета за млади автори, кои  сакаат да учествуваат на неа, организаторите на Rock’n Pop the Borders  одговорија позитивно на молбата од групата “Sunday ” и посакаат успех на групата.

 

 

The Unsung, група “Feast of Insanity”, Пловдив, Бугарија

FEAST OF INSANITYГрупата е формирана на 07.09.2013 год.,  иако самата идеја за групата датира 2-3 месеца претходно.  Формирана е од Љубослав Арабаџиев (гитара) и Јордан Велков (бас).  Двајцата решават да му предложат на Георги Маринов (гитара) да се приклучи во преоктот и тој со радост прифаќа. Подоцна, момчињата дознааваат за нивен познајник кој свири тапани и одлучуваат да го вклучат во игра. За жал не успеваат да работат со него  и барањето продожува. Во тоа време го наоѓаат својот прв вокалист,   Христо Дачев, но текот на околнистите води кон неуспешна соработка и со него.
После долго барање на местото доаѓа  Едиз Реџепов, а Василиј Атанасов е новото лице зад микрофонот. Неколку месеци откако составот станува полн, следува и првото учество на бендот на концерт. Во тоа време се случува да Василиј има здравствени проблеми заради кои не може да учествува на концертот. По молба на бендот до Џорџо Сапутели, тој неволно прифаќа и го заменува на нивното прво учество, за да подоцна и официјално се присоединува на групата.
Не после долго време, групата одлучува да започне усрдна работа на авторски материјал, но открива дека нешто им недостасува за таа цел. Па таака, се разделуваат со тапанарот и го заменуваат со нов  – Владимир Волоштук.
„Feast of Insanity”  го определува својот стил како металкор со деткор елементи. Во моментов сеуште експериментираат и го бараат идеалниот звук,  кој ќе им одговара.  Имаат желба да звучат потешко и истовремено да звучат различно од она кое може да се слуша секој ден.

Во „Feast of Insanity” членуваат:

  • Георги Маринов, 16, гитара
  • Љубослав Арабаџиев, 15, гитара
  • Јордан Велков, 15, бас
  • Џорџо Сапутели, 21, вокали
  • Владимир Волоштук, 15, тапани

Горди се на своите песни:

„Sanctimonious”( Љубослав Арабаџиев, Георги Маринов и Јордан Велков, Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity), „Psychology of Burning „ (Љубослав Арабаџиев  и Георги Маринов, Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity), „An Oath to the Forsaken” (Љубослав Арабаџиев , Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity), „Collapsing” (Љубослав Арабаџиев , Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity).

Можете да ги видите и да се поврзете со нив на: https://www.facebook.com/FeastOfInsanity?ref=br_tf

Во Rock’n Pop the Borders „Feast of Insanity”  ја претставиjа „The Unsung”

Музика: Љубослав Арабаџиев, Владимир Волоштук

Текст: Џорџо Сапутели

Аранжман:  група „Feast of Insanity”

 

Вкупно добиени гласови: 417 

Losing control, група “After Midnight”, Асеновград / Пловдив, Бугарија

After-MidnightAfter Midnight е бугарска рок група, која прави авторски песни и композиции. Создадена во текот на 2011, групата минува низ различни стилови, развивајќи сопствен After Midnight стил со распознавачки вокални линии и мелодични гитари врз рув-ориентиран, здрав ритам. Првиот авторски албум “My Deepest Secret” беше претставен на 21 февруари на концерт во Пловдив. Песните, со кои се гордееме се: „Без Теб”, „Lets get it on”, „Move on”, „I need you”, „Wake me up” и „Now I fall”. Некои од нив можете да видите тука.

Во групата сме:

  • Димитар Пенчев – 21 – Тапанар
  • Георги Паунов – 25 – Вокал
  • Георги Аргиров – 25 – Бас
  • Георги Ковачев – 24 – Гитара

Повелете кај нас на: https://bg-bg.facebook.com/AMBandOfficial

Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме „Losing Control”.

Музика, текст и аранжман : After Midnight

 

Вкупно добиени гласови: 311

 

Love Lies Bleeding (Amaranth), група “As Orchids Wither”, Пловдив, Бугарија

Orhids WitherНие сме металкор група формирана на 02.03.2014. Зад себе имаме 4 концерта од кои еден со дет метал титаните дет титаните Enthrallment, а другиот со Above Us The Waves од Грција!  Имаме издадено 2 авторски песни на интернет,  кои се дел од нашето 1-во  EP. Тоа ќе биде проследено од 2-ро EP, кое ќе излезе кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Много се гордееме со нашата песна „Perfection Of Tragedy„ – музика, текст и аранжман -  групата. Во неа сме:

  • Giorgio Saputelli 21 – vocals
  • Krum Draganov 20 – guitar
  • Vladimir Voloschuk 15 – guitar
  • Alexander Gyoshev 17 – bass
  • Stoyno Angelov 17 – drums

Можете да не видите на: https://www.facebook.com/pages/As-Orchids-Wither/809643159061879

Во Rok’n Pop the Borders  ја претставивме нашата  авторска песна ‘Love Lies Bleeding (Amaranth)’.

Музика, текст и аранжман: As Orchids Wither

 

Вкупно добиени гласови: 567 

In Cold and Dark Days, група “Foretold Dead”, Дупница, Бугарија

Foretold DeadКога Иван Кралев и Георги Георгиев го напуштаат својот прв состав, започнуваат да бараат нова група заедно со Антонио Костадинов. Во тоа време Велислав Казаков и Благовест Давидков исто така бараат место за реализирање и кога нив петмината ќе се сретнат во јули 2013 одлучуваат да работат заедно. Еден месец подоцна започнуваат пробите, а бргу после тоа се појавува и името Foretold Dead:

  • Благовест Давидков (16г) –  Вокал
  • Георги Георгиев (15г) –  Гитари
  • Иван Кралев (17г) –  Гитари
  • Антонио Костадинов (16г) – Бас
  • Велислав Казаков (17г) – Тапани

Освен овде претставената песна, групата има и други композиции, меѓу кои многу им се допаѓа нумерата  „Voids of Hell“( музика, текст и аранжман: Foretlоd Dead)

Можете да ги најдете на: https://www.facebook.com/ForetoldDeadOfficial или тукa.

Во Rock’n Pop the Borders ја претставиja својата песна   „In Cold and Dark Days“.

Музика, текст и аранжман: Foretold Dead

Вкупно добиени гласови: 360