Истражување кај посетителите на Концертот во Куманово

Резултати од спроведеното истражување кај посетителите на Концертот на победници на
Rock’n Pop the Borders – Куманово 07.09.2014год. 21.00 часот

1.Пол: 
маж   – 54%
жена  -46%

2
. Наведете ја вашата возраст:    
под 13 години – 2%
13 – 25 години – 44%
25-35 години – 35%   
35 – 45 години – 9%
45 – 55 години – 7%
55 – 65 години – 3%
над 65 години – 0%

3
. Вие сте:  
ученик, студент – 57%
вработен   -  21%
самовработен  -3%
невработен – 19%

4. Имате ли врска со учесниците во настанот:
пријатели – 42%
роднини  -  21%
колеги – 9%          
немаме врска – 28%

5
. Како дознавте за настанот:  
од сајтот на конкурсот – 8%
од пријатели, колеги, познаници  -21%
од интернет (социјални мрежи, информативни и специјализирани сајтови) –18%
од медиуми, радио, телевизија – 23%
весници – 9%
информативни постери за настанот – 21%

6. Од каде доаѓате:   
од Куманово -95%
од соседна општина на Куманово  - 3%
од друга општина во Македонија – 2%
надвор од Република Македонија – 0%

7
. Дали би купиле билет за ваков настан:    
да – 89%    
не – 11%

8. Ако одговорот на претходното прашање е да, каква сума Ви се чини разумна:
до 100 денари  –  23%      
до 200 денари  -  61%
над 300 денари –  3%

 

 

 

Напомена:
Во истражувањето беа опфатени 100 испитаници или околу 10% од присатната публика.
Истражувањето се вршеше по случаен избор на испитаниците.
Истражувањето беше анонимно и ќе се користи само за потребите на проектниот тим како акумулативен податок за одржливоста на проектната идеја во следниот период.
Огромна благодарност до сите оние кои зедоа учество во истото и ни овозможија креирање на вистинска слика за овој и сличните следни настани.
Благодарност до волонтерскиот тим и претставниците на Општина Куманово кои ни помогнаа при спроведувањето на ова истражување.

Концертот во Куманово

На 07 септември 2014 година на Градскиот плоштад Куманово се одржи Голем рок спектакл на победниците на Rock’n Pop the Borders.

На настанот земаа учество бендови од Бугарија и Македонија: Enkhaosment и Chainsaw Babies од Бугарија, TV Rage, Vizija, Polemique и Problem Solved од Македонија. Гости на вечерта беа: Рок Балет Денс студио МАК и ” македонската рок легенда”  - Симеон Иванов Канго. Водител на настанот беше Марко Новески.

Пријатели од телевизија “Златен канал” направија репортажа, на која се гледа атмосферата од настанот. 

Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија. Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија.

Концертот на победници следува по спроведениот натпревар кој започна на  12 мај 2014 година со онлајн натпревар на младите Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра авторска композиција. Подготви се документарен филм, кој ќе биде објавен овде. 

На натпреварот зедоа учество вкупно 25 бенда од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години. 

Публиката на Rock’n Pop the Borders

Проектниот тим на Rock’n Pop the Borders направи анкетно истражување на примерок од  10% од публиката на концертот “Награда за млади автори на музика” Rock’n Pop the Borders “. Беа анкетирани 50 лица од публиката на концертот. Користен е методот на пополнување на анкетен лист со 8 затворени прашањето (со можност на избор од неколку понудени одговори).

Главни резултати од спроведеното истражување се:
1. Жените доминираат во публиката на концертот:

Разпределение на публиката по пол

2. Младите на возраст од 13 до 25 години се најголеми обожаватели на рок, кој беше претставен на концертот:

Ratio by age

3 Воглавно публиката на настани од типот на “Награда за млади автори на музика” Rock’n Pop the Borders ” ја сочинуваат млади луѓе кои студираат и работат:

4. Значителен дел од публиката на настанот  ја сочинуваат пријателите на учесниците. Тоа е објасниво, земајќи ја во предвид возраста на учесниците и форматот во кој се јавуваат. И покрај овој факт, можеме да кажеме дека најголемиот дел на публиката нема никаква лична врска со учесниците во настанот:

Ratio by relation with performers

 5. Интернетот (особено – социјалните мрежи и пријателствата на нив) е каналот од кој публиката најмногу дознала за настанот. Информатичкате сајтови, вклучувајќи го и сајтот на проектот, како и постерите за настанот се другите основни канали за информации, преку кои публиката на “Награда за млади автори на музика” Rock’n Pop the Borders “се информирала:

By source of information

6. Публиката на “Награда за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” е била в голямата си част местна – от Дупница или областта. Гостите от страната и съседна Македония са малцинство. На фона на дяловете по местоживеене, обаче, публиката от България е втората по големина, след местната публика, което показва значителен резерв за бъдеще:

By residence

 

7. Публиката е подготвена да купи билет за настан од овој тип. Само 14% од испитаниците одговориле категорично НЕ  на прашањето “Дали би купиле билет за ваков настан” (прашање бр.7 од анкетниот лист). Најголемиот дел од изјави за подготвеност на купување билет се дека би одвоиле  до 5 лв (во 13% од анкетите е наведена вредност од 3 лв.). Во релативно еднакви удели, останатите одговориле дека преферираат вредноста да биде до 10 лв. или над неа (околу 13% од анкетите е наведена вредноста од 15 лв.). Постои впечаток дека над 90% од пријателите на учесницит, кои беа дојдени на концерот, се подготвени да платат за да ги гледаат и слушаат своите фаворити во конкуренција со други бендови:

By ticket cost

Оваа анкетна студија е спроведена со помош на Елисавета Зарев, член на младинскиот тим на здружението “Партнери – Дупница”. Целта на истражувањето  е да се визуелизира профилот на публиката на настанот во насока на истражување можности за продолжување на оваа иницијатива. Организаторите на проектот – здружение “Партнери – Дупница” и „Регионалниот центар за одржлив развој“ – Кратово, упатуваат молба за фидбек на наведените во контактната информации на сајтот мејл адреси до секој кој ги користи и цитира податоците од анктетата.


Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 е кофинансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. 

 

 

 

Пријателски концерт во рамките на настапите од Rock’n Pop the Borders

“Неверојатнa, незаборавнa забава”. Ова го вели публиката. Така мислат и познавачите на рок музиката. Ова е и мислењето на македонските членови на жирито – Канго и Сашко Костов за пријателскиот концерт одржан на 10 август 2014 година на сцената на парк “Рила”.

 

Идејата за овој концерт  настана уште во април 2014 година од страна на Симеон Иванов – Канго. Организаторите од здружението “Партнери – Дупница” видоа можност не само за уште еден  заеднички  културен настан во рамките на проектот, но и за вистинска комуникација меѓу младите музичари од Бугарија и Македонија, во непосреден контакт со основани музички имиња како што е генераторот на идејата – Канго.

 

На концертот учествуваа групите на Рок Академија – Дупница – формат создаден уште во 2006 година од страна на здружението “Партнери – Дупница” за поддршка на талентирани млади со интерес за  музиката. Повеќе за иницијативата можете да видите тука.

 

Се создаде еден неверојатен бенд со вокал и гитара – Канго, тапанар – Сашко Костов и членови од македонските финалисти на концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” – TV Rage и Problem Solved.

 

Први на сцената излегоа Enkhaosment ,  група која беше прва на ранг листата според гласовите  на публиката за финалниот награден концерт во Дупница од спроведениот онлајн натпревар за млади групи – автори на рок и поп музика во рамките на проектот. Enkhaosment е група на Рок Академија – Дупница. Тие не победија на концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders”, но тоа,  пак,  како да им даде посебна енергија за настап на пријателскиот концерт:

 

Foretold Dead е група на Рок Академија – Дупница, која исто така учествуваше на натпреварот во рамки на проектот, но без успех. Мислењето на македонските членови на жирито, кои учествуваа како изведувачи во пријателски концерт на 10 август, беше дека квалитетот на нвивниот аудио запис значително влијаел на оценката, како на жирито, така и на публиката, така да нивните вистински квалитети беа откриени за време на настанот :

 

Voltage е групата со најголемо концертно искуство од сите групи во Рок Академија – Дупница. Тие немаа успех на натпреварот на Rock’n Pop the Borders, но ја раздвижи публиката на нивниот последен настап  за “неодредено” време:

 

Невозможно е да се претстави  Канго, кој е толку “цветен“, што неговото претставување треба да му се препушти само нему. “Нема граници, штом има музика” – рече тој и истото го докажа заедно со Сашко Костов и момците од Problem Solved и TV Rage:

 

Darker than Black се најмалите музичари од Рок Академијата. Нивната појава на сцената на пријателскиот концерт во рамките на настаните за проектот Rock’n Pop the Borders беше голем предизвик за нив, кој  успешно го надминаа:

 

 

 

Пријателскиот концерт на групите од Рок Академија – Дупница заедно со Канго, Сашко Костов и пријателите од македонските групи -финалисти во концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” e уште еден придонес кон заедничките културни настани, реализирани во рамките на истоимениот проект. Тој се финансира од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Rock’n Pop the Borders има иднина на меѓународен натпревар за младинска изворна рок песна

Rock’n Pop the Borders има иднина како меѓународен фестивал на младинска авторска рок песна на Балканот. Ова е мислењето на сите учесници на Работилницата за создавање на Рамка за одржливо управување на форматот,  што се одржа на 10 август 2014 година во Дупница и на истата учествуваа повеќе од 30 луѓе. Во Работилницата се вклучија музички продуценти, фестивалските селектори и организатори, претставници на невладиниот сектор и локалните власти во општините Дупница, Куманово и Кратово, бизнис организации, учесници на концертот “Награда за автори на младинска рок и поп музика Rock’n Pop the Borders” од Бугарија и Македонија. Според нив, во иднина Rock’n Pop the Borders  треба да се реализира преку активно вклучување на локалните власти и бизнис сектор, особено  туристички, во партнерство со општините на здруженијата – организатори.  Учесниците сметаат дека создадениот формат треба да се фокусира на младинската авторска рок музика, во насока на барање  максимално стилска разновидност, развој на натпреварувачката програма во тек од неколку дена и поактивен контакт меѓу младите автори и професионалците вклучени во оценување на делата. Сите идеи, кои беа разменети од  учесниците на работилницата, се утврдени во Рамка за одржливо управување и одржување на форматот  ”Награда за млади автори на младинска музика Rock’n Pop the Borders”.

 

Работилницата беше проследена со средба на младите музичари од Рок Академија – Дупница (групите Enkhaosment, Voltage, Foretold Dead и Darker than Black) и македонските членови на жирито на формата – Канг и Сашко Костов. На средбата се вклучија и членовите на македонските финалисти на конкурсот – Problem Solved и TV Rage.

 

Сите заедно остварија незаборавен тричасовен концерт за дупнишката публика, кој се одржа на големата сцена на парк “Рила”.

Rock'nPop the Borders

Победниците

Песната Slippin’ на бендот Paranormal од Пловдиј ја освои Наградата за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders. Ова беше резултат од гласањето на жирито по финалниот концерт, што се одржа во Дупница на 9 август 2014 година. Како што веќе знаете, наградата за победникот е професионален видео спот. Тимот, кој ќе го реализира видеото, ветува дека истото ќе биде големо изненадување за публиката.

Второто место беше доделено на песната Losing Control на After Midnight. Наградата за нив е професионален аудио запис на песната.. 

Третата награда од  жирито во натпреварот за младинска изворна рок песна на група беше доделена на песната Лоша навика на скопската група Problem Solved. Медиумскиот партнер на Rock’n Pop the Borders – Телевизија “Запад” – обезбеди безжичен микрофон на групата.

Градоначалникот на Општина Дупница ја бендиса Кумановската група TV Rage, и нивната песна  In between the time. Од име на градоначалникот како награда примија комплет држачи за гитари, палки и вокален микрофон.

Love Lies Bleeding (Amaranth) на As Orchids Wither  освои аплауз од Ротари Клуб – Дупница. Организацијата обезбеди 150 лева на фаворитите како награда за нивно претставување и енергија.

Жирито беше во состав – претседател Анелија Дошева (продуцент), Симеон Иванов – Канг (музичар, продуцент), Славчо Николов (гитарист, композитор) и Сашко Костов (композитор, музичар).

Јоана Драгнева беше водител на  шоуто.

Концертот “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” беше Финалната фаза во трката на 25 групи од Бугарија и Македонија, што беше проследена  на страниците на нашиот сајт. Тој е дел од истоимениот проект поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Ротарианска награда за млади автори на рок музика од Бугарија и Македонија.

Клубот Ротари Клуб – Дупница ќе додели награда на еден од финалистите на концертот  за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders”. Импресионирани од талентот и енергијата на учесниците во натпреварот, пријателите од овој клуб одлучија да ги подржат и охрабрат учесниците со награда од нивно име. Ротари е организација на бизнисмени и професионалци, обединети во целиот свет, кои служат во хуманитарната сфера, поттикнуваат високи етички норми во сите професии и помагаат во градење на добрата волја и мирот во светот.

Наградата ќе биде доделена од претседателот на Ротари клуб – Дупница, г-дин Кољо Илиев, заедно со грамота на организацијата. Каква ќе биде таа, финалистите и гостите на концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” ќе дознаат вечерта на 9-ти август.

Концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” е финална фаза од натпреварот на млади автори на рок музика од Бугарија и Македонија. Тој се спроведува во рамките на истоимениот проект, реализиран од здруженијата “Партнери – Дупница” и „Регионален  центар за одржлив развој“ – Кратово, со поддршка на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Големиот финал

Концертот „Награда за млади автори на рок и поп музика Rock’n Pop the Borders” започнува на 9 август 2014 (сабота) во паркот „Рила” во Дупница со почеток од 17.30 ч.  На концертот ќе учествуваат следните групи:

Enkhaosment, Бугарија.

TV Rage, Македонија.

Chainsaw babies, Бугарија.

Bunch of Assholes, Бугарија.

Problem Solved, Македонија.

As Orchids Wither, Бугарија.

Feast of Insanity, Бугарија.

After Midnight, Бугарија.

Revenge, Македонија.

Paranormal, Бугарија.

Влезот е слободен.  Концертот е организиран од здруженијата „Партнери – Дупница” од Дупница  и „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово во рамки на истоимениот проект, финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Редоследот на преставување на песните ќе биде одреден на техничка конференција, која ќе се одржи истиот ден пред настанот. Освен авторската песна, со која се натпреварува, секоја од групите учесници ќе може  да претстави уште една – до две свои песни  во рамки од 12 минути. Жирито ќе ги оценува само презентираните авторски песни. Победникот, кој ќе ги освои гласовите на жирито, ќе добие можност да сними видео запис на песната. Второ рангираниот ќе има можност да направи професионален аудио запис на песната, а третиот – ќе добие награда од медијскиот  партнер на иницијативата – Телевизија “Запад”.  Една од  групте – учествувачи  ќе добие Награда од Градоначалникот на Општина Дупница.

Водител на концертот ќе биде пеачката Јоана Драгнева, бугарски финалист на Евровизија 2008.

Додека жирито го подготвува својот ранг, публиката ќе има можност да ги чуе момците од групата Fireball.

На 10 август  (недела) со почеток од 19 ч., повторно на сцената во парк “Рила” и со слободен влез,  ќе биде одржан концерт на Симеон Иванов – Канго, македонски рок музичар и член на жирито и групите од Рок Академија – Дупница: Foretold Dead, Darker than Black, Voltage  и Enkhaosment. Иницијативата за овој настан е на Канго, а момчињата и девојките од Рок Академијата со задоволство ја прифатија можноста да покажат што прават и можат во рок музиката.

 Рок Академија – Дупница е неформална школа за поддршка на млади и талентирани рок музичари од градот и општината, развивана и управувана од здружението “Партнери – Дупница” веќе 8 години. Многу младински групи поминале низ неа, а некои од нив имаат свои авторски дела двата самостојни албума во издадение на Академијата. Токму искуството од оваа школа е причината за развивањето и давањето на иницијативата Rock’n Pop the Borders од здружението “Партнери – Дупница” од Дупница и „Регионалниот центар за одржлив развој“ од Кратово, со поддршка на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Финалистите во онлајн трката Rock’n Pop the Borders

Во 24.00 часот на 16 јули 2014 година заврши онлајн гласањето за избор на авторска песна на младинските групи од 13 до 25 години Rock’n Pop the Borders. Публиката и жирито ги определија своите фаворити во предвидените рокови, така што организаторите го подготвија конечното рангиране во текот на денешниот ден.

Според правилата на конкурсот, 10-те песни, кои имаат добиено највисока средна оценка од бројот на гласовите на публиката и оценката на жирито ќе се учествуваат на конечниот концерт во живо на 9 август 2014 година во паркот “Рила” во Дупница, Бугарија.

Конечното рангирање на участниците во on-line натпреварувањето Rock’n Pop the Borders ги даде следните 10 финалисти (песна, група, среден број на поени од оценките на публиката и од оценките на жирито, држава на потекло) :

1. “For The Win”, Enkhaosment, 8.65, Бугарија.

2. “In between the time”, TV Rage, 8.22, Македонија.

3. “Filthy Rock’n'Roll”, Chainsaw babies, 7.12, Бугарија.

4. “Airstrike”, Bunch of Assholes, 7,00, Бугарија.

5. “Лоша навика”, Problem Solved, 6.93, Македонија.

6. “Love lies bleeding (Amaranth), As Orhids Wither, 6.64, Бугарија.

7. “The Unsung”, Feast of Insanity, 6,31, Бугарија.

8. “Losing control”, After Midnight, 5.93, Бугарија.

9. “Не вели ми здраво”, Revenge, 5.68, Македонија.

10. “Slippin’”, Paranormal, 5.60, Бугарија.

Во случај, доколку некоја од 10-те најдобро рангирани групи го откаже учеството, организаторите ќе упатат покана за учество кон следната по ред група на ранг листата одејќи надолу:

11. “Bury Me”, Sunday, 5.53, Бугарија.

12. “Гласот на моята душа”, Визия, 5,28, Македонија.

13. “Път към върха”, Rebels,5,09, Бугарија.

14. “Revelation”, Panic Station, 5.08, Бугарија.

15. “The Power of Love”, Marmalad Banda, 4.96, Македонија.

16. “Ride”, Plug In, 4.95, Македонија.

17. “Първата”, Лопатарка, 4,56, Бугарија.

18. “Cannot Heal”, Power Enslave, 4.46,Бугарија.

19. “Трошка Љубов”, Polemique, 4.18, Македонија.

20. “In Cold and Dark Days”, Foretold Dead, 4.06,Бугарија.

21. “Electrify”, Simai, 3.82, Бугарија.

22. “Blade of Greed”, SLIX, 3.63, Бугарија.

23. “We are coming”, Voltage, 3.36, Бугарија.

24. “Изгубен”, Angus&Kevin, 3.20, Бугарија.

25. “Appetence for Life”, Mneme, 3.11, Бугарија.

Поени на групите според бројот на гласови, добиени од публиката:

1.”For The Win”, Enkhaosment, 10, Бугарија.

2.”In between the time”, TV Rage, 8.64, Македонија.

3.”Airstrike”, Bunch of Assholes, 8.12,Бугарија.

4.”Love lies bleeding (Amaranth), As Orhids Wither, 6.67,Бугарија.

5.”Лоша навика”, Problem Solved, 6.55, Македонија.

6.”Filthy Rock’n'Roll”, Chainsaw babies, 6.04, Бугарија.

7.”Не вели ми здраво”, Revenge, 5.74, Македонија.

8.”Път към върха”, Rebels, 5.29, Бугарија.

9.”Revelation”, Panic Station, 5.13, Бугарија.

10.”The Power of Love”, Marmalad Banda, 5.09, Македонија.

11.”The Unsung”, Feast of Insanity,  4.91, Бугарија.

12.”In Cold and Dark Days”, Foretold Dead, 4.24,Бугарија.

13.”Ride”, Plug In, 3.92, Македонија.

14.”Трошка Љубов”, Polemique, 3.87, Македонија.

15.”Losing control”, After Midnight, 3.66, Бугарија.

16.”Гласот на моята душа”, Визия, 3.35, Македонија.

17.”Cannot Heal”, Power Enslave, 3.19, Бугарија.

18.”Изгубен”, Angus&Kevin, 3.08, Бугарија.

19.”Electrify”, Simai, 3.01, Бугарија.

20.”Blade of Greed”, SLIX, 2.80, Бугарија.

21.”Първата”, Лопатарка, 2.61, Бугарија.

22.”Slippin’”, Paranormal, 2.51, Бугарија.

23.”We are coming”, Voltage, 2.45, Бугарија.

24.”Appetence for Life”, Mneme, 2.28, Бугарија.

25.”Bury Me”, Sunday,  2.05, Бугарија.

Поени на групите според бројот на гласови, добиени од жирито:

1.”Bury Me”, Sunday, 9.00, Бугарија.

2.”Slippin’”, Paranormal, 8.68, Бугарија.

3.”Losing control”, After Midnight, 8.20, Бугарија.

4.”Filthy Rock’n'Roll”, Chainsaw babies, 8.20, Бугарија.

5.”In between the time”, TV Rage, 7.80, Македонија.

6.”The Unsung”, Feast of Insanity, 7.70, Бугарија.

7.”For The Win”, Enkhaosment, 7.30, Бугарија.

8.”Лоша навика”, Problem Solved,7.30, Македонија.

9.”Гласот на моята душа”, Визия, 7.20, Македонија.

10.”Love lies bleeding (Amaranth), As Orhids Wither, 6.60, Бугарија.

11.”Първата”, Лопатарка, 6.50, Бугарија.

12.”Ride”, Plug In, 5.98, Македонија.

13.”Airstrike”, Bunch of Assholes, 5.88,Бугарија.

14.”Cannot Heal”, Power Enslave, 5.72,Бугарија.

15.”Не вели ми здраво”, Revenge, 5.62, Македонија.

16.”Revelation”, Panic Station, 5.02, Бугарија.

17.”Път към върха”, Rebels,4.88, Бугарија.

18. “The Power of Love”, Marmalad Banda, 4.82, Македонија.

19.”Трошка Љубов”, Polemique, 4.48, Македонија.

20.”Electrify”, Simai, 4.62, Бугарија.

21.”Blade of Greed”, SLIX,  4.46, Бугарија.

22.”We are coming”, Voltage, 4,26, Бугарија.

23.”Appetence for Life”, Mneme,  3.94, Бугарија.

24.”In Cold and Dark Days”, Foretold Dead, 3.88,Бугарија.

25.”Изгубен”, Angus&Kevin, 3.32, Бугарија.

Организаторите и жирито се заблагодаруваат на натпреварувачкиот дух на учесниците, добриот тон кој што го запазија едни кон други и квалитетот на сите представени песни (факт е дека жирито не е дало општа оценка под 3 на представените песни. Ако судиме од бројот на гласачите во процесот на наптревараување, авторските песни на учесниците биле претставени пред на еден вид он лајн концерт пред повеќе од 10 000–на публика.

Проектот Rock’n Pop the Borders е партнерска иницијатива на Здружение “Партнери – Дупница” и Регионален центар за одржлив развој – Кратово.

Истиот е финансиран од Европска Унија преку Програмата за меѓугранична соработка Бугарија-Македонија CCI Number 2007CB16IPO007

25 групи ке се натпреваруваат во Rock’n Pop the Borders

25 групи се регистрираа за учество на  Rock’n Pop the Borders натпреварот  за младинска авторска рок или поп песна.  7 од нив се од Република Македонија, а останатите 18 – од Бугарија. Рок музиката е жанрот кој доминира во првото издание на овој конкурс. Претставен е во сите стилови и сите можни интерпретации, дури и со фолклорни елементи.

Групите, за кои ќе може да гласате од 16 јуни 2014 година на http://www.rocknpop.1oflads.com/category/competitors/(по ред на регистрирање), се:

1. Voltage, Дупница, Бугарија

2. Mneme, Софија, Бугарија

3. Лопатарка, Монтана, Бугарија

4. Simai, Софија, Бугарија

5. Визија, Скопје, Македонија

6.Angus&Kevin, Софија, Бугарија

7. Enkhaosment, Дупница,Бугарија

8. Bunch of Assholes, Пловдив, Бугарија

9. Рlug In, Скопје/Битола, Македонија

10. Power Enslave, Русе, Бугарија

11.Sunday, Софија, Бугарија

12. Feast of Insanity, Пловдив, Бугарија

13. After Midnight, Асеновград/Пловдив, Бугарија

14. As Orchid Wither, Пловдив, Бугарија

15. Foretold Dead, Дупница, Бугарија

16. Chainsaw Babies, Велинград, Бугарија

17. Rebels, Вршец, Бугарија

18. Slix, Софија, Бугарија

19. Panic Station, Пловдив, Бугарија

20. Problem Solved, Скопје,  Македонија

21. TV Rage, Куманово, Македонија

22. Мarmalad Banda, Струга, Македонија

23. Paranormal, Пловдив, Бугарија

24. Polemique, Крива Паланка, Македонија

25. Revenge, Крушево, Македонија

Гласањето за претставените песни од групите ќе трае до  16 јули до 24 часот. Заедно со публиката, оценка за претставените песни  ќе даде и жири комисијата. Системот дава можност за гласање за една песна од еден IP адрес

Во финалната фаза – концерт во Дупница на 9 август 2014 – ќе бидат поканени 10-те групи, кои ќе освојат најмногу поени од гласањето на публиката и жирито.

Конкурсот за авторска песна Rock’n Pop the Borders се реализира во рамките на истоимениот проект, финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка  Бугарија – Македонија CCI Number 2007CB16IPO007

Успехот во оваа прва фаза не би се случил без подршката на медиумските партнери: Young Rocks Bulgaria, Информативниот портал на невладините организации во БугаријаРок радио на Бугарија „Z Rock” и Sky Radio – Скопје.

Проектот Rock’n Pop the Borders е реализиран од здруженијата “Партнери – Дупница” и „Регионалниот центар за одржлив развој“ – Кратово. 

 

(Засега) Рокот доминира над попот во Rock’n Pop the Borders

Групите, кои до сега се пријавија за учество на меѓународниот натпревар за авторска младинска рок или поп песна Rock’n Pop the Borders, свират рок. Претставени се речиси сите рок стилови. До крај на мај 2014 за учество се пријавија:

1 . Mneme – Софија , Бугарија
2 . Voltage – Дупница , Бугарија
3 . Лопатарка – Монтана , Бугарија
4 . Simai – Софија , Бугарија
5 . Визија – Скопје , Македонија
6 . Angus & Kevin – Софија , Бугарија
7 . Enkhaosment – Дупница , Бугарија
8 . Bunch of Assholes – Пловдив, Бугарија .

Организаторите потсетуваат дека крајниот рок за пријавување учество на http://www.rocknpop.1oflads.com/MK/registration/ е  12 јуни 2014 година во 24 часот. Со нетрпение очекуваат не само авторски поп песни, туку и повеќе авторски песни од Македонија.

Започна регистрацијата за учество во Rock’n Pop the Borders онлајн натпревар

Од полноќ на 12 мај (понеделник) младите групи – автори на рок и поп песни од Бугарија и Македонија, може да се регистрираат за учество во онлајн натпреварот  Rock’n Pop the Borders. Тие треба да бидат на возраст од 13 до 25 години и да пополнат  формулар за регистрирање, кој е достапен  на http://www.rocknpop.1oflads.com/registration/. Организаторите ги советуваат сите кандидати пред да започнат со пополнување на формуларот за регистрација, да ги прочитаат внимателно условите за учество на конкурсот, достапни на http://www.rocknpop.1oflads.com/participation-rules/.  Усвојувањето на условите е задолжителен елемент во процесот на аплицирање за  учество во онлајн трката. Рокот за регистрирање на учество во натпреварот е до полноќ на 12 јуни 2014 година. После овој датум организаторите ќе ги прикачат добиените информации во секцијата  http://www.rocknpop.1oflads.com/category/competitors/, за да им овозможат на публиката и жири комисијата да гласаат и избираат од предложените младински рок и поп творби. Конкурсот за авторска поп или рок песна на млада група се реалзира во рамки на проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005, со финансиска подршка на ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија CCI Number 2007CB16IPO007.

Силен Rock’n Pop отзувк вo македонските медиуми!

Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 беше медиумски промовиран од страна на координативниот тим на прес конференција, што се одржа на 7 мај 2014 година во Кратово, Република Македонија. Борјанчо Мицевски и Јасмина Давитковска, членови на менаџерскиот тим од „Регионалниот центар за одржлив развој“, зборуваа за целите, главните активности и очекувани резултати од иницијативата на проектот на присутните медиуми: ТВ Протел (Пробиштип), ТВ Сител 2 (Кратово), Македонската информационна агенција, весниците “Дневник” и “Аберџија”. Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 се реализира во партнерство на здружениата „Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово и “Партнери – Дупница” со финансиска подршка на Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка на Бугарија и Македонија. Планот за дејствување на менаџерскиот тим на проектот , представен од партнерите, вклучува воведна пресконференција за медиуми од двете страни на границата. Медиумската промоција на проектот во Бугарија се случи на 17 април 2014 година.
Стартувањето на конкурсот за млади автори на рок и поп песни од двете партнерски земји, планиран за 12 мај оваа година, го привлече вниманието на повеќе од 10 специјализирани, локални и национални медиуми во Реублика Македонија. Јасмина Давитковска беше гостинка во утринската програма на македонското национално радио. Раководителот на проектот, Георги Илиев, коментира за rocknpoptheborders.com: „Се надевам дека со оваа медиумска подршка и за која верувам ќе ја имаат и понатаму нашите пријатели, навистина ќе помогне да rock’n pop границите ги открие најталентираните и мотивирани млади групу во двете пријателски земји “. Погледнете ги приложените линкови:

Канал 77
ТВ Протел
ТВ Сител 2 – видео запис
Strumica Online
Бриф

МИА
ДВ
Радио МОФ
+ИНФО
Вечер
Аберџија
Дневник

Rock’n Pop the Borders – стартот наближува

Млади рок и поп групи од Бугарија и Македонија во натпревар за најдабора авторска песна

 Регистрирањето за учество  на онлајн натпревар за млади автори на рок и поп музика – Rock’n Pop the Borders – започнува на 12 мај 2014 година на полноќ. Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 е кофинансиран од Европската Унија со посредство на Програмата за прекугранична соработка  меѓу Бугарија и Бивша Југословенска Република Македонија преку Инструментот за предпристапна помош CCI Number: 007CB16IPO007.

Право на учество имаат млади музички групи на возраст од 13 до 25 наполнети години од Бугарија и Македонија.  Формуларот за  регистрација е достапен на следната страна http://www.rocknpop.1oflads.com/registration/ . Сите кандидати  пред да се регистрираат, треба претходно внимателно да се запознаат со условите за учество.  Правилата се достапни како линк во долниот дел од регистрационата форма, но и  како самостојна публикација на http://www.rocknpop.1oflads.com/participation-rules/. Кадиндадтите имаат точно еден месец за внесување на неопходните информации, за да можат да бидат вклучени во натпреварот. Во случај на проблем со регистрационата форма, може да сметаат на помош  од страна на организаторите со праќање порака на: partners.dupnitsa.ngo@gmail.com  и regionalencentar@gmail.com  Имајте предвид  дека  регистрираните песни ќе бидат достапни за јавно гласање од полноќ  на 16 јуни 2014 на http://www.rocknpop.1oflads.com/category/competitors/ Истите нема да бидат објавувани пред  овој рок.

Посакуваме успех на сите!