Почетна страна

Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007 -2012- 3 -005 е заеднички проект на здруженијата ” Партнери – Дупница ” од Дупница, Бугарија и „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, Македонија. Проектот е кофинансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка – Бугарија – Поранешна Југословенска Република Македонија преку Инструментот за претпристапна помош CCI Number : 2007CB16IPO007. Периодот на спроведување на проектот е: од 19 декември 2013 до 18 декември 2014. Вкупниот буџет на проектот ( и за двате здруженија – партнери) е 82 119.49 евра.

Зошто го развивме проектот Rock’n Pop the Borders?

Затоа што нема форум за докажување на млади автори на рок и поп музика како во програмските земји , така и на Балканот. Постоечките формати не поттикнуваат настап на млади автори на рок и поп музика, размена на оригинални идеи меѓу нив и развој на нови или заеднички музички производи /настани на оваа основа. Традиционалното културно наследство во регионот е премногу експонирано. Различните слушателски публики се запоставени. Ресурсите на младинската и урбаната култура во прекуграничниот регион се неискористени. Не се искористени ни можностите кои ги нудат веб-дизајнираните сцени и веб- културните настани во прекуграничниот регион, а тоа ги уназадува младите, различната слушателска публика и заинтересираните страни од регионот, намалувајќи им ја креативноста и можностите за одржлив развој. Не постојат доволно можности за искористување на слободното време кај младите луѓе за креативно изразување. Проектот е насочен кон сите овие ограничувања користејки ги искуствата на партнерските организации во овие сфери и многубројните младински рок и поп групи и соло изведувачи во прекуграничниот регион.

За кого е наменет проектот Rock’n Pop the Borders?

Млади луѓе на возраст од 13 до 25 години, од прекуграничниот регион и програмските земји , кои творат рок и поп музика.
Невладините и други организации кои се занимаваат со млади и младински креативни активности од прекуграничниот регион и програмските земји.
Музичкиот бизнис и бизнис секторот од областа на културни производи во прекуграничниот регион и програмските земји (продуценти, фестивалските селектори , трагачи на таленти , музичките медиуми и сл.)
Претприемачите кои работат со културни и музички производи за сопствена промоција или, пак, тоа е дел од нивниот бизнис – од прекуграничниот регион и програмските земји (рекреативни медиуми , тур-оператори, производувачин на добра за активни и млади луѓе и сл.)

Која е проектната стратегија за задоволување на потребите на проектот и надминување на предизвиците?

Главна проектна цел е : да се искористат досега неискористените културни ресурси од прекуграничниот регион преку заеднички развој и управување на одржлив формат за креативен прв настап , размена на идеи и натпревар помеѓу младите автори на рок и поп музика од прекуграничниот регион и програмските земји.

Специфични проектни цели се:

1 . Создавање соодветна « сцена за настапување » на младите автори на рок и поп музика од прекуграничниот регион и програмските земји.
2 . Привлекување нови слушателски публики , професионалци , фестивалските селектори , заинтересиран бизнис сектор и локални заедници, нивната поддршка и интерес во насока на создавање и одржување на нови културни настани , производи и форми со фокус на креативниот потенцијал на младите луѓе.
3. Активно вклучување на публиката и засегнатите страни во поддршката и одржувањето на создадениот пристап и формат.

Главни активности за поддршка на проектната стратегија:

1 . Создавање на онлајн платформа (веб сцена ) за форматотRock’n Pop the Borders . Тоа е натпреварувачка сцена и сцена за докажување на сите млади автори на рок и поп музика , кои се вклучени во проектот или би се вклучиле во него .
2 . Истовремен оглас на партнерите за прием на музички дела во онлајн натпревар Rock’n Pop the Borders , со цел информирање на младите автори на рок и поп музика од двете програмски земји дека постои сцена и можности за нив: да покажат што знаат и што можат да сторат со своите таленти.
3 . Започнување и реализирање на онлајн натпреварот Rock’n Pop границите – така што да бидат привлечени нови и активни публики, а младите автори на музика да имаат можност да добијат објективна оценка за своите дела од публиката.
4 . Организирање на членови на жири комисија и професионално ангажирана публика за концертот “Награда за млади автори на рок и поп музика ” Rock’n Pop the Borders” од страна на двете партнер – организации. Потребен ни епрофесионален избор на таленти и професионална поддршка за нив. Ова ќе биде можно само ако успееме да привлечеме професионалци кои ќе ги оценуваат и подржат младите уметници кои што ќе го покажат својот талент и вкус за музиката.
5 . Спроведување на концертот “Награда за млади автори на рок и поп музика ” Rock’n Pop the Borders ” во Дупница. Секому му е потребда сцена за настап и награда за своите напори. Нешто повеќе – концерт во живо е добра алатка за привлекување на поголем интерес и поддршка на младите автори на музика. И – за остварување на крајната селекција на најдобрите од најдобрите . Затоа, оваа активност е поврзана со краен пласман од професионално жири , филмски запис од концертот и наградување: видеклип и професионален снимање за првите двајца избрани победници , како и дипломи за сите кои ќе достигнат до настап на концертот.
6 . Развивање на заедничка рамка за управување и одржување на форматот ” Награда Rock’n Pop the Borders за млади автори на музика ” преку работилница на оваа тема. Тоа е алатка преку која се надеваме дека сите вклучени професионалци и заинтересирани страни ќе придонесат за одржлив и долгорочен развој на проектот – преку идеи , сопствен ангажман и изјави за соработка.
7 . Концертот Rock’n and Pop Awareness во Куманово е предвиден , со цел младите автори на музика да добијат уште една сцена, а на тој начин и поголема популарност: крајно неопходно за музичкиот бизнис и за новопојавените музичари . Се разбира, ќе биде промовирана и поддршката програмата исто така , бидејќи без неа – проектот не би се случувал.

Што очекуваме како резултати ?

Формирана сцена за докажување на младите автори на рок и поп музика.
Стекната поддршка од нови публики , професионалци , фестивалските селектори , заинтересиран бизнис и локалните заедница за создавање и зачувување на нови културни настани , производи и формати.
Создадена рамка за заедничко управување и заштита на формата преку инволвираните невладини организации , вклучени млади автори , професионалци , продуценти , фестивалските селектори , заинтересиран бизнис сектор и локалните заедници.
Развиен нов заеднички културен производ на современата, нетрадиционална култура во прекуграничниот регион .
Откриени и поддржани нови таленти во сферата на рок и поп музиката – прва манифестација со свои авторски песни на млади музичари.

Останете со нас на www.regionalencentar.org.mk за да можете да читате, гледате и слушате – што ќе успееме да постигнеме!