Група Voltage е млада треш метал банда, формирана на 28 февруари 2011г. во град Дупница. Групата има 16 авторски нумери, но исто така прави и кавери на познати групи като Metallica, Megadeth, Slayer, Pantera и др. Групата има остварено многу настапи. Имаме учествувано на „Поп-рок фест“ – Несебар, “S’cool rock fest” – Пловдив, “Rock It Marathon”, “Let’s rock it” во Добрич, „Коко рок фест” во град Крџали, на кој освоивме 2-ро место, и ” Голямото междучасие 4″ – со специјалната награда: продуцирање и запис на песна и клип. Во текот на декември 2013г. е потпишан договор со Dark Arts LTD за песна на диск, приложен на декемвриското издание на списанието “Terrorizer”. Групата е составена од: • Борислав Захариев – гитара/вокал; 19г. • Мирослав Захариев – тапани; 17г. • Кирил Петров – бас/вокал; 17г. • Георги Алексов – гитара; 17г. Се што работиме, можете да слушнете и видете на: http://voltageband.esy.es/. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.
Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме апсолутно новата песна We are coming! – музика, текст и аранжман – Voltage.
Mneme е Death / Thrash / Progressive Metal бенд од Софија, формиран во текот на 2011 г., кој што од тогаш нема губено време, како во усовршување на инструменталните вештини, така и во компонирање на авторска музика, така што во моментот можеме да се пфалиме со цели 9 нумери, од кои 7 се снимени, меѓу кои: God Can’t Save You, Потъвам в мрак, Sky Is Gray, Closure Of The Gates Of Hell. Во однос на концертите, групата е исто така многу активна и зад себе има мнозина настапи на конкурси, концерти, фестивали, меѓу кои: “Голямо междучасие 4″, “Силата на Рока 3″, Коко Рок Фест Крџали, ON!Fest…
Ислкучиво симпатична и истоврмено тешка и музикална група во состав: • Христо Бојаџиев (16 г.) Вокали/Гитара • Божко Божков (18 г.) Гитара/Вокали • Јавор Семков (16 г.) Бас/Вокали • Јоан Николов (16 г. ) Тапани Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме новата нумера Appetence for Life. Музиката е на Божко Божков, текстот – на Јавор Семков и Христо Бојаџиев, а аранжиманот на Божко Божков, Христо Бояджиев и Јоан Николов.
Ние сме група “Лопатарка” от Монтана. Заедно сме скоро 5 години и свириме целсоно авторски и на бугарски јазик испеана музика, со исклучок на 2-те cover песни „Убава си, моја Горо“ и „Кавал свири“. Стилот ни е интересен рок пакет во кој може да се примети големо влијание од народната музика. Во 2013 година освоивме награда за најдобра авторска песна на меѓународниот конкурс „Let’s rock it“ во Добрич со песната „Тој ја сака, таа не го сака“.
Во „Лопатарка” сме:
• Роберта-Димана Алева, 21г .- вокал, клавир • Георги Димитров, 21г. – гитара • Росен Петров, 21г. – бас гитара • Мартин Средков, 23г. – тапани
В Rock’n Pop the Borders учествувавме со новата авторска песна „Првата”. Текстот на песната е напишан од Роберта-Димана Алева, а музиката и аранжманот e дело на Роберта-Димана Алева, Росен Петров, Георги Димитров, Мартин Средков.
Simai е формирана на 12 февруари 2013г. Се определуваме како Rapcore/Nu-metal бенд. Активно свириме во Софија и Пловдив. Тежнееме на компонирање авторска музика. На концертите свириме и кавери на Limp Bizkit, Soulfly, Korn, P.O.D., Hed PE. На конкурсот “Голямо Mеждучасие 5″ го освоивме 2-то место со песната „Crhyme“. Подготвуваме LP со идеја да содржи 11 авторски нумери. Може да слушнете аудио записи во живо изведени на нашиот Soundcloud профил – https://soundcloud.com/simai-band и на Youtube – https://www.youtube.com/channel/UCXkS2bAnVMTHR1AjxwbKElw
Групата е составена од: • Андреј Андров 18г – Бас • Александар Миладинов 18г – Гитара • Георги Чунчуков 16г – Тапани • Калофер Михов 18г – Вокал • Генади Михов 19г – Гитара/ Вокал
Визија е македонска рок група оформена во ноември 2011 година во Скопје. Музиката која овој бенд ја изведува се заснова на рок жанрот, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Еден од првите настапи на Визија беше на „Т’к – так фест 2012“ во Кавадарци, фестивал посветен на прерано починатата рок легенда Трајко Каров, каде што бендот успеа да биде награден, а веднаш потоа следува настап на престижниот „Таксират“ – Скопје. Првиот настап на бендот надвор од територијата на Македонија бил на „Складиште фест“, во Крушчиќ, Србија на 1 јуни 2013 година, а неколку дена подоцна Визија настапи во ревијалниот дел на „Т’к – Так Фест“ во Кавадарци. Еден од најголемите успеси на бендот е настапот на „Заечарска гитаријада“ во август 2013, откако беше единствениот македонски бенд кој се најде во најдобрите 12 балкански рок групи кои настапиле пред 30.000 публика.Меѓу останатите настапи може да се споменат и настапот во Кочани во мај 2013; МКЦ: “50 години рок ен рол во Македонија“; „Пиволенд 2013“; „Културно Лето Карпош 2013“…Бендот беше избран за еден од најдобрите бендови на Балканот за 2013 година според американското радио WMBR, а исто така за Визија пишуваше и британскиот музички портал www.emergingindiebands.com кој ја прогласи групата за најдобра во месец февруари.
Групата е в състав: • Марко Џамбазоски, 21 година, соло гитара и придружни вокали • Марко Гапо, 21 година, водечки вокал и ритам гитара • Лилјана Јанкова, 20 години, бас гитара и придружни вокали • Синиша Ѓорѓевиќ, 20 години, тапани
Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме: Гласот на мојата душа Музика: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ , Текстот на песната е напишан од: Марко Џамбазоски Аранжманот e дело на: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ
На почетокот Angus&Kevin е основан како дует составен од Стојан (Angus) Пејков и Кевин Драмалиев. По некое време дуетот нема можности да изведува концертни настапи и затоа Angus&Kevin постанува група со уште 2 нови дополнувања: Димитар Командарев – бас гитара и Атанас Георгиев – тапани. Стилот на музиката е склон кон Хеви Метал/Хард Рок.
Групата е составена од: Стојан Пејков – Китара, Вокал; 15 години Кевин Драмалиев – Гитара; 14 години Димитар Командарев – Бас Гитара; 15 години Атанас Георгиев – Ударни инструменти; 15 години
Групата е формирана во февруари 2013 година. Своите настапи ги започнува со кавери, но за бргу време се фокусира на создавање на авторски нумери. Вака проектот Enkhaosment започнува да се развива и успешно да оди напред.
Ја определуваат својата музика како мешавина на различни стилови метал – треш, дет, грув и хеви. Групата е инспирирана од големите имиња на светската сцена како што се: Kreator, Pantera, Sodom, Slayer, Machine Head.
Основната цел на младиот бенд е да им покаже на своите сонародници дека во Бугарија сеуште може да се создава квалитетна музика. За една година, колку што постои групата, успеа да оствари голем број на концерти во земјата, како и да учествува на фестивали и конкурски како: „Дай Рок!”, „Китариада”, „Голямото междучасие 5”.
Групата е составена од:
Калин Смолички, 19 – бас гитара и вокали
Васко Пејанин, 19 – ритам гитара
Теодор Василев, 17 – соло гитара
Алекс Андонов, 17 - тапани
Песните, со които се гордееме можете да ги слушнете тука.
Во Rock’n pop the Borders ја претставивме нашата песна „For The Win”
* Даниел Варадинов – прва гитара (18 г.) * Никола Старшанов – бас гитара (17 г.) * Момчил Калчев – вокали и втора гитара (17 г.) * Едиз Реџепов – тапани (18 г.)
Во Rock’n Pop the Borders ја претсавивме песната си „Airstrike“
Музика и текст: Даниел Варадинов Аранжман: Bunch Of Assholes
Групата “Plug In” е рок група, формирана во ноември минатата година и во овие 6 месеци имаат настапувано на повеќе места низ Скопје. Составена е од пет членови: Константина Богоевска – вокал (20 г., Битола), Горан Петровски – виолина и пратечки вокал (20 г., Битола), Милош Поповски – гитара (21, Скопје), Христијан Рајковски – бас гитара (19 г., Скопје) и Синиша Ѓорѓевиќ – тапани (20г., Скопје). Карактеристични за овој бенд, се звуците на виолината, кои се реткост во рок бендовите. Инаку, сите членови се студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, од каде и почнува нивната приказна.
Групата е формирана во зимата 2012 година од Калојан (16г. вокали, гитара) и Момчил (15г.ударни) Итови + Румен (15г.бас гитара, вокали) и Даниел (16г. гитара) Нејкови. Сецифичнота за нас е дека сме 2 пара браќа и се познаваме од мали, а тоа уште послино не поврзува како музичари. Составот се нема променувано. До сега групата има 5 авторски нумери. Имаме свирено на два фестивала во Русе. Имаме поминато низ сите русенски клубови и со нетрпение чекаме да се појавиме и во друг град! Нашите авторски нумери можете да ги слушнете на: https://soundcloud.com/kaloyan-itov/enslaved/s-uZjm6
Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме својата нова песна ”Cannot Heal”.
Музиката, текстот и аранжманот са на целата група - „Power Enslave”
Група Sunday е формирана во почетокот на март месец 2012 година. Групата регистрира учество во натпреварот Rock’n Pop the Borders на 4 јуни 2014 во состав: Ајсел Карадайъ, 18г. – вокал; Здравко Крстев 18г. – гитари; Христо Кенаров 19г. – тапани и Васил Андреев 17г. – бас.
Во натпреварот ја претставија песната “Bury me”, по музика и текст на Ајсел Карадайъ и аранжман на групата. Песната доби вкупно 174 гласа во онлајн гласанјето на публиката меѓу 16 јуни и 16 јули 2014 година.
Во моментов немате пристап до песната Bury me на групата ”Sunday”. Истата беше симната од платформата на Натпреварот на ден 30.07.2014 година по инсистирање на Ајсел Карадај, автор на музиката и текстот. Водени од желбата оваа платформа да биде сцена наменета за млади автори, кои сакаат да учествуваат на неа, организаторите на Rock’n Pop the Borders одговорија позитивно на молбата од групата “Sunday ” и посакаат успех на групата.
Групата е формирана на 07.09.2013 год., иако самата идеја за групата датира 2-3 месеца претходно. Формирана е од Љубослав Арабаџиев (гитара) и Јордан Велков (бас). Двајцата решават да му предложат на Георги Маринов (гитара) да се приклучи во преоктот и тој со радост прифаќа. Подоцна, момчињата дознааваат за нивен познајник кој свири тапани и одлучуваат да го вклучат во игра. За жал не успеваат да работат со него и барањето продожува. Во тоа време го наоѓаат својот прв вокалист, Христо Дачев, но текот на околнистите води кон неуспешна соработка и со него. После долго барање на местото доаѓа Едиз Реџепов, а Василиј Атанасов е новото лице зад микрофонот. Неколку месеци откако составот станува полн, следува и првото учество на бендот на концерт. Во тоа време се случува да Василиј има здравствени проблеми заради кои не може да учествува на концертот. По молба на бендот до Џорџо Сапутели, тој неволно прифаќа и го заменува на нивното прво учество, за да подоцна и официјално се присоединува на групата. Не после долго време, групата одлучува да започне усрдна работа на авторски материјал, но открива дека нешто им недостасува за таа цел. Па таака, се разделуваат со тапанарот и го заменуваат со нов – Владимир Волоштук. „Feast of Insanity” го определува својот стил како металкор со деткор елементи. Во моментов сеуште експериментираат и го бараат идеалниот звук, кој ќе им одговара. Имаат желба да звучат потешко и истовремено да звучат различно од она кое може да се слуша секој ден.
Во „Feast of Insanity” членуваат:
Георги Маринов, 16, гитара
Љубослав Арабаџиев, 15, гитара
Јордан Велков, 15, бас
Џорџо Сапутели, 21, вокали
Владимир Волоштук, 15, тапани
Горди се на своите песни:
„Sanctimonious”( Љубослав Арабаџиев, Георги Маринов и Јордан Велков, Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity), „Psychology of Burning „ (Љубослав Арабаџиев и Георги Маринов, Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity), „An Oath to the Forsaken” (Љубослав Арабаџиев , Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity), „Collapsing” (Љубослав Арабаџиев , Џорџо Сапутели, група Feast of Insanity).
After Midnight е бугарска рок група, која прави авторски песни и композиции. Создадена во текот на 2011, групата минува низ различни стилови, развивајќи сопствен After Midnight стил со распознавачки вокални линии и мелодични гитари врз рув-ориентиран, здрав ритам. Првиот авторски албум “My Deepest Secret” беше претставен на 21 февруари на концерт во Пловдив. Песните, со кои се гордееме се: „Без Теб”, „Lets get it on”, „Move on”, „I need you”, „Wake me up” и „Now I fall”. Некои од нив можете да видите тука.
Ние сме металкор група формирана на 02.03.2014. Зад себе имаме 4 концерта од кои еден со дет метал титаните дет титаните Enthrallment, а другиот со Above Us The Waves од Грција! Имаме издадено 2 авторски песни на интернет, кои се дел од нашето 1-во EP. Тоа ќе биде проследено од 2-ро EP, кое ќе излезе кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Много се гордееме со нашата песна „Perfection Of Tragedy„ – музика, текст и аранжман - групата. Во неа сме:
Кога Иван Кралев и Георги Георгиев го напуштаат својот прв состав, започнуваат да бараат нова група заедно со Антонио Костадинов. Во тоа време Велислав Казаков и Благовест Давидков исто така бараат место за реализирање и кога нив петмината ќе се сретнат во јули 2013 одлучуваат да работат заедно. Еден месец подоцна започнуваат пробите, а бргу после тоа се појавува и името Foretold Dead:
Благовест Давидков (16г) – Вокал
Георги Георгиев (15г) – Гитари
Иван Кралев (17г) – Гитари
Антонио Костадинов (16г) – Бас
Велислав Казаков (17г) – Тапани
Освен овде претставената песна, групата има и други композиции, меѓу кои многу им се допаѓа нумерата „Voids of Hell“( музика, текст и аранжман: Foretlоd Dead)
Chainsaw Babies е рок група од Велинград, која првенствено се занимава со авторска музика. Групата е создадена во почетокот на 2014 година и уште на првите проби се зајакнува со правењето на нумерата Filthy Rock’n'Roll. Стилот на бендот е под силно влијание на групи како што се AC/DC, Motorhead, Airbourne, Ramones, Bon Jovi и Aerosmith. Групата се гордее и со својата песна „Fake“ (музика – Костадин Николов, С. Кепчелев; текст – К. Николов, Г. Кондев; аранжман – К. Николов, Стојо Попов).
Chainsaw Babies се:
Костадин Николов (20); бас гитара
Георги Кондев (17); вокали
Светослав Кепчелев (18); гитара
Мирослав Налбантов (20); гитара
Лазар Лазаров (17); тапани
Во Rock’n Pop the Borders ja претставивме песната си Filthy Rock’n'Roll.
Групата е формирана на 05.03.2013г. во град Врштец. Основната идеја на групата е да се опушти после долгите денови поминати на училиште и истовремено да има настапи пред публика. Првичниот состав на бендот се формира на училиште од Калин Рангелов, Николај Иванов, Павлин Иванов и Иван Петров, а по 1 месец им се придружува и нивната пеачка, Николета Димитрова. После 11 месеци составот претрпува промени и на местото на Иван Петров доаѓа Димитар Тошев-бас. Во принцип, стилот на кој свириме е рок/хард рок, но со текот на времето кон овој стил додадовме елементи на хеви метал – пример – „Поне за ден” ( музика – Николај Иванов и Павлин Иванов, текст – Николета Димитрова, аранжман - Rebels)
Свириме заедно од летото 2012 година, а во сегашниот состав сме од септември 2013. Настојуваме да пишуваме нови авторски песни, така што правиме комбинации од жанровите кои ни се допаѓаат, за да на крај оформиме специфичен стил. За нас поважни песни се: “2013″ – (музика – Е. В’лков; текст – Е. В’лков; аранжман – Slix), “You won’t be there” (музика – Н. Прлев; текст – Ал. Младенов), “Infinite” (музика – Н. Генадиев, текст – Ал. Младенов), “Изгубен” (музика, текст, аранжман – Slix). Сите можете да ги слушнете тука.
Panic Station е група основана од Тодор Личев и Јоан Баков во 2013 година. Набргу после формирањето, кон групата се вклучуваат Иван Маринов и Георги Земјарски. По отприлика 6 месеци проби и пишување на авторски материјал, го одржавме нашиот прв концерт во Stage 51(Plovdiv) на 3.05.2014. Целта на групата е да создаваме и свириме музика, која ни се допаѓа, но и која има западен и професионален звук. По првиот наш концерт, за многу кратко време, остваривме уште неколку настапи: Хуманитарен Концерт за Кари I дел, 31.05.2014 – Live во Летно кино „Орфеј“ Panic Station, Tchuk, Bunch Of Assholes 07.05.2014 – Live at Stage 51 Хуманитарен Концерт за Кари III дел 08.06.2014 – Live во Шталите на Царот Овој месец ни претстојат уште 2 настапа (едниот во Polinero Club – Пловдив, а другиот на рок фестивалот во Перник). За наша радост, за многу кратко време стекнавме голема публика и продолжуваме да пишуваме нови песни (наскоро ќе ни биде готова 4-тата авторска песен – Ignite). За повече – проверете тука. Во групата сме:
Јоан Баков – вокали и ритам гитара (16)
Тодор Личев – бас гитара, беквокали и текстописец (16)
Problem Solved е рок бенд формиран крајот на 2010 година од страна на Коста Бинов (вокал), Виктор Захариев (гитара) и Виктор Георгиевски (клавијатури). Во почетоците функционира како школски бенд, но набрзо почнуваат да креираат свој авторски материјал. Досега имаат издадено 6 авторски песни, а 3 од нив („Ќе преживеам“, „Поведи ме“ и моментално „Лоша навика“) биле по неколку недели пласирани на првото место на листите на повеќе радио станици ширум Македонија. Можете да слушнете некои наши песни овде. Во беднот сме:
Коста Бинов (19) – вокал
Виктор Захариев (18) – гитара и пратечки вокали
Виктор Георгиевски (18) – клавијатури
Марио Ристовски (19) – бас гитара
Теодор Теодосиевски (17) – тапани
Во Rock’n Pop the Borders „Problem Solved” ја претставиjа песната „Лоша навика”
TV Rage е рок ен рол група од Куманово, Македонија, формирана во октомври 2012 година. Тоа е трио кое е во овој состав повеќе од една година. Имаме едно EP, издадено на 5 јуни 2013 од Направи заедно/Kran Records. Истото содржи 5 песни. Досега имаме остварено 20 концерта, а последен настап ни беше на отварањето на Dog Eat Dog во Скопје. Работиме на песните за нашиот прв албум, кој до половина е готов. Звукот на албумот се движи кон подолги песни, јаки сола и делови од песните, како и поенергични рифови. Нашата работа, можете да ја слушнете тука. Тоа би било се што имаме да кажеме за себе. Поздрав!
Во групата сме:
Дамјан Поповски (19) – Бас.
Предраг Митич (19) – Соло и вокали.
Анджело Макура (18) – Тапани.
Во Rock’nPop the Borders ја претставивме нашата песна „In between the time”.
Paranormal започнува во почетокот на 2011 година и по неколку проби стартира работа на сопствени, авторски материјали. Групата прави неколку настапи во живо во текот на годината и е подготвена за долгорочни настапи, обврски и – во основа – клоцне на задници! Можете да видите авторските песни, што сме ги направиле досега тука или да се сретнеме на: https://www.facebook.com/paranormalbg/timeline
Во групата сите сме на 17:
Кристијан Николов – вокал и гитара
Атанас Атанасов – бас гитара
Христијанско Коев – тапани
Во Rock’n Pop the Borders претставивме песната ‘Slippin’
Го формиравме бендот пред 4 години кога појдовме во гимназија. Од Крива Паланка сме. Почнавме да свириме во гимназија а потоа по кафичи и на фестивали. Во бендот сме: Давид Нунев (Вокал), Даниел Максимовски (Гитара), Петар Стојановски (Клавијатура) и Дени Христовски (Бас Гитара).Сите имаме по 18 години. „Трошка Љубов” е прва наша авторска песна.
Бендот ‘’Revenge’’ е формиран во 2011 г. во Крушево и брои четири члена :
Велко Николоски (24) – гитара и вокал
Михајло Куртески (19) – бас гитара
Тошо Љуца (22) – соло гитара
Благојче Нанески (22) – тапанар
Бендот во своето постоење има настапувано по Крушевските кафе барови, бројни фестивали на територија на општина Крушево и сл. Бендот нема издадено свој авторски материјал , и ова е нивна прва песна со која ќе се претстават пред јавноста .
Песната е насловена ‘’Не вели ми здраво‘’,
Музиката, текстот и аранжманот се на Велко Николоски.