Група Voltage е млада треш метал банда, формирана на 28 февруари 2011г. во град Дупница. Групата има 16 авторски нумери, но исто така прави и кавери на познати групи като Metallica, Megadeth, Slayer, Pantera и др. Групата има остварено многу настапи. Имаме учествувано на „Поп-рок фест“ – Несебар, “S’cool rock fest” – Пловдив, “Rock It Marathon”, “Let’s rock it” во Добрич, „Коко рок фест” во град Крџали, на кој освоивме 2-ро место, и ” Голямото междучасие 4″ – со специјалната награда: продуцирање и запис на песна и клип. Во текот на декември 2013г. е потпишан договор со Dark Arts LTD за песна на диск, приложен на декемвриското издание на списанието “Terrorizer”.
Групата е составена од:
• Борислав Захариев – гитара/вокал; 19г.
• Мирослав Захариев – тапани; 17г.
• Кирил Петров – бас/вокал; 17г.
• Георги Алексов – гитара; 17г.
Се што работиме, можете да слушнете и видете на: http://voltageband.esy.es/. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.
Во Rock’n Pop the Borders ја претставивме апсолутно новата песна We are coming! – музика, текст и аранжман – Voltage.
Вкупно добиени гласови: 208








