Музика без граници

Филмот “Музика без граници” е резиме на најзначајните моменти од првото издание на натпреварот за младинска авторска песна „Rock’nPop the Borders“, организиран и спроведен во рамките на истоимениот проект, поддржан од Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Во фокусот е концертот, на кој беа избрани првите победници на ова издание. Доколку сте заинтересирани за конкурсот „Rock’n Pop the Borders“, можете да се поврзете со организаторите, чии контакти се дадени во соодветната рубрика на сајтот. Филмот може да се дистрибуира бесплатно, под услов, при негово споделување или емитување, да се цитира фактот дека овој филм е реализиран во рамките на проектот „Rock’n Pop the Borders“ од здружението “Партнери – Дупница” со поддршка на Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Уживајте во филмот

Наградите

Соодветно правилата на конкурсот „Rock’n Pop the Borders“, првата награда беше снимање на професионален видео спот. Жирито на концерт “Награда за млади автори на рок и поп музика”, кој се одржа на 9 август 2014 во Дупница и на кој учествуваа 10-те најдобри за проценка на публика и професионалци песни од онлајн трката,  највисоко ја оцени  песната Slippin’ на групата  Paranormal од Пловдив:

Втората награда од првиот финален концерт на конкурсот беше доделена на бендот After Midnight од Пловдив за песната Loosing Control, која доби професионален звук

Македонската група Problem Solved  освои трета награда за песната „Лоша навика“ – безжичен микрофон, осигурен од медиумскиот ни партнер – Телевизија  ”Запад”.

Организаторите успееја да остварат соработка со локалната власт и влијателни невладини организации, кои имаа можност да ги поддржат своите фаворити меѓу натпреварувачите на сцената на „Rock’n Pop the Borders“. На градоначалникот на Општина Дупница му се допадна кумановскиот бенд TV Rage и нивната песна „In between the time“ и во негово име примија награда – комплет држачи за гитари, палки и вокал микрофон.

„Love Lies Bleeding (Amaranth)“ на  групата As Orchids Wither освои аплауз од Ротари Клуб – Дупница. Клубот обезбеди 150 лева на своите  фаворити како награда за нивно претставување и енергија.

Уникална

Авторите од Chainsaw Babies, TV Rage и Визија, кои настапија на сцената на Rock’n Pop the Borders, беа поканети од Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија за учество на концертите “Заедничките граници не прават поблиски” , кои по повод Европскиот ден на прекуграничната соработка се одржаа во Благоевград на 17 септември 2014 и во Штип на 18 септември 2014.

 

Големиот рок спектакл во Куманово – филм

Исклучително важно за организаторите на Rock’n Pop the Borders настан беше големиот промотивен концерт на победници и учесници во првото издание во Куманово, Македонија. Целта на овој настан беше да ја промовира иницијативата во партнерската земја и како што ќе видите – успеа! Во планот за акција, партнерите од „Регионалниот центар за одржлив развој“ – Кратово предвидоа видео документирање на настанот. Задоволни сме да ви ја претставиме комплетниот запис тука: