Музика без граници

Филмот “Музика без граници” е резиме на најзначајните моменти од првото издание на натпреварот за младинска авторска песна „Rock’nPop the Borders“, организиран и спроведен во рамките на истоимениот проект, поддржан од Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Во фокусот е концертот, на кој беа избрани првите победници на ова издание. Доколку сте заинтересирани за конкурсот „Rock’n Pop the Borders“, можете да се поврзете со организаторите, чии контакти се дадени во соодветната рубрика на сајтот. Филмот може да се дистрибуира бесплатно, под услов, при негово споделување или емитување, да се цитира фактот дека овој филм е реализиран во рамките на проектот „Rock’n Pop the Borders“ од здружението “Партнери – Дупница” со поддршка на Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Уживајте во филмот