Анелија Дошева е лиценциран филмски и музички продуцент во Националниот филмски центар и Министерството за култура на Бугарија. Има 32-годишно искуство како телевизиски новинар и телевизиски критичар, сценарист на документарни филмови и телевизиски емисии, продуцент и организатор на национални и меѓународни културни настани и ПР – кампањи. Повеќе…
Симеон Иванов КАНГО е гитарист и рок музичар од Македонија. Познат е како кант автор, текстописец, аранжер и неуморен промотор на рок музиката преку организирање на рок караван низ цела Македонија.
Канго е сопственик на приватно училиште за рок ен рол и основач на космополитската организација „КРУНА Мактеон“ и Рок Асоцијација „Орфеј“. Повеќе…
Славчо Николов е соло гитарист во рок група Б.Т.Р. Композитор и автор на текстови, коорганизатор и менаџер на концертни настани, наставник по класична гитара, член на мандолинскиот квартет “Годишни времиња”. Член е на жирито за избор на бугарската песна на «Евровизија» во периодот 2007 – 2010. Авторските песни на Славчо Николов се вклучени во бугарските учебници по музичко. Повеќе…
Сашко Костов е млад, но познат македонски композитор, изведувач и музички продуцент. Неговата работа е фокусирана на театарската музика, компонирање и перфомранс. Има дипломирано на музичка акедемија на џез музика во Штип, Македонија. Денес е член на Театарскиот фестивал – Велес, Two points – издавачко студио и Распеани Скопјани (хор на млади активисти од Скопје). Повеќе…
Критериумите на жирито за оценка на песните се следни:
• Музика – 30 поени;
• Текст – 20 поени;
• Аранжман – 20 поени;
• Изведба – 20 поени;
• Визија (уметност и настап на сцена) – 10 поени.