АНЕЛИЈА ДОШЕВА

aneliaЛиценциран филмски и музички продуцент во Националниот филмски центар и Министерството за култура на Бугарија. Има 32-годишно искуство како телевизиски новинар и телевизиски критичар, сценарист на документарни филмови и телевизиски емисии, продуцент и организатор на национални и меѓународни културни настани и ПР – кампањи. Член е на Сојузот на бугарските новинари, на Меѓународниот сојуз на новинари, на Профон и Музикаутор. 19 години ја раководи продуцентската компанија „Едита Груп” ООД.

Со нејзиното име са поврзуваат националните кампањи: „КАДЕ ВРВИМЕ, КАДЕ ОДИМЕ?” – во која учествуваат познати рок и поп исполнувачи и бендови: Милена Славова, Б.Т.Р., «Сигнал», «Дјун», Благовест Аргиров, Васко Крпката и др., посветена на духовниот опстанок на бугарската нација. ТЕСТ ЗА ЧОВЕЧНОСТ“ – во партнерство со рок бендот Б.Т.Р за информирање на јавноста за проблемите од зависност од дрога и сида. Песната «Спасение», која постана химна на младите луѓе во Бугарија, е плод на овој креативен проект.

„СПОРТОТ ПРОТИВ ДРОГАТА” – Национална кампанња за превенција на наркозависноста кај младите луѓе со уметничка подршка од Ања Пенчева, Николај Сотиров, Дони и Нети, Б.Т.Р., Ирина Флорин, Спенс…
„ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ БУГАРИЈА И ДУШИТЕ” – Национална кампанња, посветена на зголемените еколошки проблеми во Бугарија, во која учествуваат познати рок и поп исполнувачи и бендови и младински танчерски групи.
Анелија Дошева е иницијатор и автор на фестивалите:
„МЕЃУ ТРИ ПЛАНИНИ” – Меѓународен фестивал за утврдување и популаризација на исконските бугарски традиции, уникатен фолклор и обичаи, која има историја постара од 10 години и учество од околу 1500 танчари, пеачи и инструменталисти, групи и формации от цела Бугарија и соседните балкански земји.;
„ЗЛАТНА МЕСЕМВРИЈА” – Проект за подршка на бугарската современа авторска музика со конкурсен карактер, кој им нуди шанса на млади и утврдени уметници да стапат на една сцена.

Нејзино дело се документарните серии:
„ГОЛЕМИТЕ ИМИЊА НА БУГАРИЈА” – Претставување на бугарски творци кои допринеле во светската културна историја, преку дукументирана филмска серија за исткнати пеачи, музичари, писатели, актери, уметници /Гена Димитрова, Минчо Минчев, Теодосиј Спасов, проф. Марко Семов, проф. Васил Инджев…/ Филмовите се носители на нај-високите признанија од меѓународни и национални фестивали. „ОТКРИЈТЕ ЈА ОВАА ЗЕМЈА”
Проект за претставување на Бугарија преку многубројните таленти кај различните видови уметности – музика, танц, книжевност.

Таа е автор и на PR КАМПАНИИТЕ: БЕЛОГРАДЧИШКИТЕ КАРПИ – ЕДНО ОТ НОВИТЕ СЕДУМ ЧУДА ВО СВЕТОТ

„ДА ГО ИЗБЕРЕШ ЖИВОТОТ” – PR кампања за профилакс на атеротромбозните заболувања со учество на Јосиф Срчаџиев и големите специјалисти, проф. Иван Миланов и проф. Параскева Стаменова; “ФОРМУЛА ЗА ЖИВОТ” – за демографскиот пад и ефективноста на методот “ин витро”.