СИМЕОН ИВАНОВ КАНГО

kango-

Симеон Иванов КАНГО е гитарист и рок музичар од Македонија.  Познат е како кант автор, текстописец, аранжер и неуморен промотор на рок музиката преку организирање на рок караван низ цела Македонија.

Канго е сопственик на приватно училиште за рок ен рол и основач на космополитската организација „КРУНА Мактеон“ и Рок Асоцијација „Орфеј“.

На музичката сцена е активен скоро 50 години – во далечната 1967 година станува член на музичкиот состав „The Sapphires“  од Кочани, кој станува препознатлив по специфичниот музички вокал лидер, Канго.

Во 1980 –та негововиот бенд  добива назив „Воскреснување“, а во 1984 година – „Канго“.

Со својот бенд, има издадено седум музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995- албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, во изведба на Канго), „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998- кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера) и  „Откровение“ (2007)

Има одржано многубројни концерти во Македонија  и надвор.

Во 2008 година учествува со свој настап на познатиот фестивал „Пиво Ленд“, на скопската тврдина Кале. Својот 40-годишен музчки јубилеј го прослави со концерт во Домот на АРМ, Скопје во 2005та година, а јубилејот – половина век рок ен рол во Македонија, го одбележа летото 2009 година, одржувајќи летна турнеја во 25 градови во Македонија.

Во јуни 2013 настапува на второто издание на фестивалот „Т’к Так Фест“  во Кавадарци.

Покрај настапите во родната земја, Канго има настапувано и надвор од неа. Во 1994 настапува на Зајечарската гитаријада, а во 2004 година одржа  турнеја во Србија (Белград, Нови Сад, Ниш, Крагујевац, Чуприја и Парачин). Во април 2004 година заедно со познати рок, џез и блуз бендови од Балканот и пошироко настапи на Jazz Rock  Festival во Виена, Австрија.

KangoТалентот никогаш не оди сам. Покрај музиката Канго се занимава и со сликарство и пишување поезија До сега има издадено четири збирки поезија, кои ги издава во временски период од 10 години. Тие се насловени: „Воскреснување“, „Вознесување“, „Вдахновение“ и „Распетие“.

Последните 20 години Канго пружа несебична подршка на младите рокери и рок бендови. Последните 19 години по ред дејствува како организатор на  голем рок хепенинг „Орфејски Мистерии“ кој се одржува во Кочани, Македонија.