САШКО КОСТОВ

sasko

Сашко Костов е млад, но познат македонски композитор, изведувач и музички продуцент. Неговата работа е фокусирана на театарската музика, компонирање и  перфомранс.

Има дипломирано на музичка акедемија на џез музика во Штип, Македонија. Денес е член на Театарскиот фестивал – Велес, Two points – издавачко студио  и  Распеани Скопјани (хор на млади активисти од Скопје).

Од 2011 година член е на алтернивниот бенд Mooger Fooger каде што свири тапани, ударни инструменти, клавијатури и вокал. А покрај бендот настапува и самостоно.

Името на Сашко Костов за прв пат на македонската јавност и станува познато во 2001 кодина, кога настапи во финалната вечер на познатиот фестивал „Мак Фест“ , Штип. Во 2008 година Македонската национална телевезија го прогласува за најдобар соло музичар.

Дискографајита на Сашко Костов вклучува театарска музика („84“ од George Orwell, 2013; Тања – Taња, 2013;  „M.M.E кој прва почна“ на Дејан Дуковски, 2011)  и музичките проекти Sasko Kostov & The Waiting Waits – Silent in the Crowd 2012; Counting the stars (E.P 2012); Unplugged 2011;  Unscarred (Синг’л 2011); What about us? (Синг’л, 2010);  Tribute to Jeff Buckley 2009; Vertigo, 2009; I’m losing my mind 2007; Sasko Kostov aka Sk Tersene – LP “Amalia” 2005.

Има остварено соработка со други имиња на повеќе музички проекти меѓу кои: Компилациите „Нов бран“ 2007 и „Време е да пораснам“ 2008;  Bad Sector – Battery Low, 2004; композитор, аранжер, продуцент и вокал на албумот на пеачката Марија Каева, „4 Incindents“ (2008-2009); Herzel feat Sasko Kostov – „The ritual of rain and thinking“ ; со Mooger Fooger остварува соработка во повеќе проекти:  „4th July“, 2011; La Kana 2012; „13/13“, 2013 и со Поклон! – „Поклон!“ (2013).

Во 2013-та година настапува на Музичката конференција – Exit Festival, кој се одржува на тврдината Петроварадин во Нови Сад, Србија и е прогласен за Најдобар голем европски фестивал на EU Festival Awards.

Сашко Костов пред 3 години реализира балканска турнеја, а во текот на 2012 и 2013 оствари настапи во повеќе европски земји: Полска, Холандија, Германија, Швајцарија, Словенија. Музичката публика од Бугарија се има запознаено со Сашко Костов 2007-ма година на неговиот концерт во клубот  @ O!Shipka во Софија.