For The Win, бенд „ENKHAOSMENT”, Дупница, Бугарија

ENKHAOSMENTГрупата е формирана во февруари 2013 година. Своите настапи ги започнува со кавери, но за бргу време се фокусира на создавање на авторски нумери. Вака проектот Enkhaosment започнува  да се развива и успешно да оди напред.

Ја определуваат својата музика како мешавина на различни стилови метал – треш, дет, грув и хеви. Групата е инспирирана од големите имиња на светската сцена како што се: Kreator, Pantera, Sodom, Slayer, Machine Head.

Основната цел на младиот бенд е да им покаже на своите сонародници дека во Бугарија сеуште може да се создава квалитетна музика. За една година, колку што постои групата, успеа да оствари голем број на концерти во земјата, како и да учествува на фестивали и конкурски како: „Дай Рок!”, „Китариада”, „Голямото междучасие 5”.

Групата е составена од:

  • Калин Смолички, 19 – бас гитара и вокали
  • Васко Пејанин, 19 – ритам гитара
  • Теодор Василев, 17 – соло гитара
  • Алекс Андонов, 17  - тапани

 Песните, со които се гордееме можете да ги слушнете тука.

Во Rock’n pop the Borders ја претставивме нашата песна  „For The Win”

Музика и текст: Калин Смолички

Аранжман: „ENKHAOSMENT”

Вкупно добиени гласови: 850