Problem Solved е рок бенд формиран крајот на 2010 година од страна на Коста Бинов (вокал), Виктор Захариев (гитара) и Виктор Георгиевски (клавијатури). Во почетоците функционира како школски бенд, но набрзо почнуваат да креираат свој авторски материјал. Досега имаат издадено 6 авторски песни, а 3 од нив („Ќе преживеам“, „Поведи ме“ и моментално „Лоша навика“) биле по неколку недели пласирани на првото место на листите на повеќе радио станици ширум Македонија. Можете да слушнете некои наши песни овде. Во беднот сме:
- Коста Бинов (19) – вокал
- Виктор Захариев (18) – гитара и пратечки вокали
- Виктор Георгиевски (18) – клавијатури
- Марио Ристовски (19) – бас гитара
- Теодор Теодосиевски (17) – тапани
Во Rock’n Pop the Borders „Problem Solved” ја претставиjа песната „Лоша навика”
Музика, текст и аранжман: Виктор Захариев
Вкупно добиени гласови: 557








