In between the time, група “TV Rage”, Куманово, Македонија

TV RageTV Rage е рок ен рол група од Куманово, Македонија, формирана во октомври  2012 година. Тоа е трио кое е во овој состав повеќе од една година. Имаме едно EP,  издадено на 5 јуни 2013 од Направи заедно/Kran Records. Истото содржи  5 песни. Досега  имаме остварено 20 концерта, а последен настап ни беше на отварањето на Dog Eat Dog  во Скопје.  Работиме на песните за нашиот прв албум, кој до половина е готов. Звукот на албумот се движи кон подолги песни,  јаки сола и делови од песните, како и поенергични рифови.  Нашата работа, можете да ја слушнете  тука. Тоа би било се што имаме да кажеме за себе. Поздрав!

Во групата сме:

  • Дамјан Поповски (19) – Бас.
  • Предраг Митич (19) – Соло и вокали.
  • Анджело Макура (18) – Тапани.

Во Rock’nPop the Borders ја претставивме нашата песна „In between the time”.

Музика, текст и аранжман -  TV Rage.

Вкупно добиени гласови: 734