Гласот на мојата душа, бенд “Визија”, Скопје, Македонија

Vizija-BandВизија е македонска рок група оформена во ноември 2011 година во Скопје. Музиката која овој бенд ја изведува се заснова на рок жанрот, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил. Еден од првите настапи на Визија беше на „Т’к – так фест 2012“ во Кавадарци, фестивал посветен на прерано починатата рок легенда Трајко Каров, каде што бендот успеа да биде награден, а веднаш потоа следува настап на престижниот „Таксират“ – Скопје. Првиот настап на бендот надвор од територијата на Македонија бил на „Складиште фест“, во Крушчиќ, Србија на 1 јуни 2013 година, а неколку дена подоцна Визија настапи во ревијалниот дел на „Т’к – Так Фест“ во Кавадарци. Еден од најголемите успеси на бендот е настапот на „Заечарска гитаријада“ во август 2013, откако беше единствениот македонски бенд кој се најде во најдобрите 12 балкански рок групи кои настапиле пред 30.000 публика.Меѓу останатите настапи може да се споменат и настапот во Кочани во мај 2013; МКЦ: “50 години рок ен рол во Македонија“; „Пиволенд 2013“; „Културно Лето Карпош 2013“…Бендот беше избран за еден од најдобрите бендови на Балканот за 2013 година според американското радио WMBR, а исто така за Визија пишуваше и британскиот музички портал www.emergingindiebands.com кој ја прогласи групата за најдобра во месец февруари.

Се што работиме, можете да слушнете и видите на http://www.facebook.com/VizijaMK. Гордееме се со нашите песни кои можете да слушнете тука.

Групата е в състав:
• Марко Џамбазоски, 21 година, соло гитара и придружни вокали
• Марко Гапо, 21 година, водечки вокал и ритам гитара
• Лилјана Јанкова, 20 години, бас гитара и придружни вокали
• Синиша Ѓорѓевиќ, 20 години, тапани

Во Rock’n Pop the Borders  ја претставивме: Гласот на мојата душа
Музика: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ ,
Текстот на песната е напишан од: Марко Џамбазоски
Аранжманот e дело на: Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ

Вкупно добиени гласови: 285