Млади рок и поп групи од Бугарија и Македонија во натпревар за најдабора авторска песна
Регистрирањето за учество на онлајн натпревар за млади автори на рок и поп музика – Rock’n Pop the Borders – започнува на 12 мај 2014 година на полноќ. Проектот Rock’n Pop the Borders 2007CB16IPO007-2012-3-005 е кофинансиран од Европската Унија со посредство на Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Бивша Југословенска Република Македонија преку Инструментот за предпристапна помош CCI Number: 007CB16IPO007.
Право на учество имаат млади музички групи на возраст од 13 до 25 наполнети години од Бугарија и Македонија. Формуларот за регистрација е достапен на следната страна http://www.rocknpop.1oflads.com/registration/ . Сите кандидати пред да се регистрираат, треба претходно внимателно да се запознаат со условите за учество. Правилата се достапни како линк во долниот дел од регистрационата форма, но и како самостојна публикација на http://www.rocknpop.1oflads.com/participation-rules/. Кадиндадтите имаат точно еден месец за внесување на неопходните информации, за да можат да бидат вклучени во натпреварот. Во случај на проблем со регистрационата форма, може да сметаат на помош од страна на организаторите со праќање порака на: partners.dupnitsa.ngo@gmail.com и regionalencentar@gmail.com Имајте предвид дека регистрираните песни ќе бидат достапни за јавно гласање од полноќ на 16 јуни 2014 на http://www.rocknpop.1oflads.com/category/competitors/ Истите нема да бидат објавувани пред овој рок.
Посакуваме успех на сите!