Клубот Ротари Клуб – Дупница ќе додели награда на еден од финалистите на концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders”. Импресионирани од талентот и енергијата на учесниците во натпреварот, пријателите од овој клуб одлучија да ги подржат и охрабрат учесниците со награда од нивно име. Ротари е организација на бизнисмени и професионалци, обединети во целиот свет, кои служат во хуманитарната сфера, поттикнуваат високи етички норми во сите професии и помагаат во градење на добрата волја и мирот во светот.
Наградата ќе биде доделена од претседателот на Ротари клуб – Дупница, г-дин Кољо Илиев, заедно со грамота на организацијата. Каква ќе биде таа, финалистите и гостите на концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” ќе дознаат вечерта на 9-ти август.
Концертот за млади автори на музика “Rock’n Pop the Borders” е финална фаза од натпреварот на млади автори на рок музика од Бугарија и Македонија. Тој се спроведува во рамките на истоимениот проект, реализиран од здруженијата “Партнери – Дупница” и „Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово, со поддршка на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.