Пријателски концерт во рамките на настапите од Rock’n Pop the Borders

“Неверојатнa, незаборавнa забава”. Ова го вели публиката. Така мислат и познавачите на рок музиката. Ова е и мислењето на македонските членови на жирито – Канго и Сашко Костов за пријателскиот концерт одржан на 10 август 2014 година на сцената на парк “Рила”.

 

Идејата за овој концерт  настана уште во април 2014 година од страна на Симеон Иванов – Канго. Организаторите од здружението “Партнери – Дупница” видоа можност не само за уште еден  заеднички  културен настан во рамките на проектот, но и за вистинска комуникација меѓу младите музичари од Бугарија и Македонија, во непосреден контакт со основани музички имиња како што е генераторот на идејата – Канго.

 

На концертот учествуваа групите на Рок Академија – Дупница – формат создаден уште во 2006 година од страна на здружението “Партнери – Дупница” за поддршка на талентирани млади со интерес за  музиката. Повеќе за иницијативата можете да видите тука.

 

Се создаде еден неверојатен бенд со вокал и гитара – Канго, тапанар – Сашко Костов и членови од македонските финалисти на концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” – TV Rage и Problem Solved.

 

Први на сцената излегоа Enkhaosment ,  група која беше прва на ранг листата според гласовите  на публиката за финалниот награден концерт во Дупница од спроведениот онлајн натпревар за млади групи – автори на рок и поп музика во рамките на проектот. Enkhaosment е група на Рок Академија – Дупница. Тие не победија на концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders”, но тоа,  пак,  како да им даде посебна енергија за настап на пријателскиот концерт:

 

Foretold Dead е група на Рок Академија – Дупница, која исто така учествуваше на натпреварот во рамки на проектот, но без успех. Мислењето на македонските членови на жирито, кои учествуваа како изведувачи во пријателски концерт на 10 август, беше дека квалитетот на нвивниот аудио запис значително влијаел на оценката, како на жирито, така и на публиката, така да нивните вистински квалитети беа откриени за време на настанот :

 

Voltage е групата со најголемо концертно искуство од сите групи во Рок Академија – Дупница. Тие немаа успех на натпреварот на Rock’n Pop the Borders, но ја раздвижи публиката на нивниот последен настап  за “неодредено” време:

 

Невозможно е да се претстави  Канго, кој е толку “цветен“, што неговото претставување треба да му се препушти само нему. “Нема граници, штом има музика” – рече тој и истото го докажа заедно со Сашко Костов и момците од Problem Solved и TV Rage:

 

Darker than Black се најмалите музичари од Рок Академијата. Нивната појава на сцената на пријателскиот концерт во рамките на настаните за проектот Rock’n Pop the Borders беше голем предизвик за нив, кој  успешно го надминаа:

 

 

 

Пријателскиот концерт на групите од Рок Академија – Дупница заедно со Канго, Сашко Костов и пријателите од македонските групи -финалисти во концерт “Награда за млади автори на музика Rock’n Pop the Borders” e уште еден придонес кон заедничките културни настани, реализирани во рамките на истоимениот проект. Тој се финансира од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.