Rock’n Pop the Borders има иднина како меѓународен фестивал на младинска авторска рок песна на Балканот. Ова е мислењето на сите учесници на Работилницата за создавање на Рамка за одржливо управување на форматот, што се одржа на 10 август 2014 година во Дупница и на истата учествуваа повеќе од 30 луѓе. Во Работилницата се вклучија музички продуценти, фестивалските селектори и организатори, претставници на невладиниот сектор и локалните власти во општините Дупница, Куманово и Кратово, бизнис организации, учесници на концертот “Награда за автори на младинска рок и поп музика Rock’n Pop the Borders” од Бугарија и Македонија. Според нив, во иднина Rock’n Pop the Borders треба да се реализира преку активно вклучување на локалните власти и бизнис сектор, особено туристички, во партнерство со општините на здруженијата – организатори. Учесниците сметаат дека создадениот формат треба да се фокусира на младинската авторска рок музика, во насока на барање максимално стилска разновидност, развој на натпреварувачката програма во тек од неколку дена и поактивен контакт меѓу младите автори и професионалците вклучени во оценување на делата. Сите идеи, кои беа разменети од учесниците на работилницата, се утврдени во Рамка за одржливо управување и одржување на форматот ”Награда за млади автори на младинска музика Rock’n Pop the Borders”.
Работилницата беше проследена со средба на младите музичари од Рок Академија – Дупница (групите Enkhaosment, Voltage, Foretold Dead и Darker than Black) и македонските членови на жирито на формата – Канг и Сашко Костов. На средбата се вклучија и членовите на македонските финалисти на конкурсот – Problem Solved и TV Rage.
Сите заедно остварија незаборавен тричасовен концерт за дупнишката публика, кој се одржа на големата сцена на парк “Рила”.